ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија, Србија и Албанија ги договорија сите активности на „Отворен Балкан“ до самитот во Тирана

November 14, 2021 09:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Ниш, на кој се одржаа низа средби на министри од владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишан е Заклучок од работните средби, во кој се дефинирани сите активности што ќе бидат спроведени до самитот во Тирана на крајот на декември, објави на Интстаграм српскиот министерот за финансии Синиша Мали по завршувањето на дводневниот собир.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според Мали, овие активности ќе придонесат за олеснување на трговијата, соработката во областа на безбедноста на храната и фитосанитарната и ветеринарната инспекција.

– Меѓу другото, договорено е до крајот на годинава интензивно да се работи на воспоставување систем за електронска размена на сите потребни документи, царински декларации, фитосанитарни и ветеринарни сертификати, како и на подобрување на постоечките системи. Реализацијата на оваа мерка значително ќе придонесе за помало задржување на камионите на границите, информира Мали.

Тој додаде дека е договорено да се потпише договор со кој ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на трудот на граѓаните од трите земји, со што тие ќе можат слободно да престојуваат и работат на териториите на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Според Мали, договорено е и до крајот на годинава граничните служби на трите земји да воведат систем на непрекината работа.

– Дополнително, сите три страни до крајот на годината ќе потпишат и валидираат договори за признавање на статусот на овластени економски субјекти, што во голема мера ќе го олесни преминувањето на границата за некои компании и ќе донесе други придобивки, најави срспскиот министер за финансии.

Мали додаде дека ќе се формира заедничка работна група која ќе се занимава со усогласување на даночната политика на трите земји од „Отворен Балкан“.

Во Ниш претходните два дена се одржа средба на повеќе од 160 претставници на владите, државната администрација, институциите и стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија, меѓу кои и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Next Post

Бесими: Префрлени се четири милјарди денари на ЕСМ за обезбедување на дополнителни количества струја

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk