ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лажно се инсинуира дека песна на Бијонсе стара 7 години, е поврзана со коронавирусот

November 14, 2021 15:18
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постот изнесува дезинформација дека песната 7-11 е нова, иако таа е од 2014 година. Ниту графен оксид, ниту пуштање во воздух на коронавирус не може да биде дел од интерпретацијата на ова музичко дело и спотот, зашто станува збор за стар албум од 2014 година, кога немаше ковид. Во постот е испуштен контекстот затоа што вистински објавени промотивни материјали за истоимениот музички проект, се погрешно интерпретирани во контекст на ковид пандемијата, а со цел да се создаде конспирациска теорија која е целосно бесмислена, пишува „Вистиномер“.

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека американската пејачка Бијонсе издала нов албум на чија што насловна фотографија има графен оксид. Потоа споделена е уште една фотографија на која што е испишано Smack it in the air, наслов на песна од Бијонсе, за која што авторката на постот тврди дека значи „Пушти го во воздух”.

Сте ја виделе ли насловната на новиот албум на Бејонсе? Графен оксид, па нешто вели Smack in the Air, (Пушти го во воздух), па дата 7/11…се чудам и несакам да помислам на 5Г, предиктивно програмирање..итн итн…, се вели во постот што го рецензираме.

Од коментарите под постот евидентно е дека од неговата содржина се плетат низа конспирациски теории за датумот 7.11, 5 Г мрежата и сето тоа се поврзува со пандемијата на коронавирусот. Бидејќи постот е објавен на 4.11. во коментарите се прашува што ќе се случи за три дена од објавувањето на постот.

Првата фотографија која може да ја погледнете погоре, воопшто не е поврзана со албумот на Бијонсе, туку е од интернет и авторката на постот  само ја додала во групата фотографии од пр мотивни материјали од албумот, за да се добие на тежина лажната илузија која ја создава, дека на некаков начин има поврзаност меѓу графен оксидот и албумот на Бијонсе, пандемијата со коронавирусот и 5 Г мрежата.

Албумот на Бијонсе, наспроти лажното тврдење во постот, не е нов туку е од 2014 година, кога немаше пандемија со ковид . И песната 7.11 е стара барем седум години. Песната е издадена од Колумбија рекордс на 25 ноември 2014 година, напишана е од Бијонсе и Алонзо Холт.

Во неа се разбира не се зборува за никаков графен оксид, ниту пак, за коронавирус и пандемија.

Теоретичарите на заговори честопати од контекст вадат работи коишто не се поврзани со ковид за да креираат приказни кои се штетни по јавното здравје. Наративот е дека сатанистите се здружени против човештвото, па дури и во студиски албум стар седум години се додаваат непостоечки елементи за да се покаже дека тој наводно е „скриена порака”. Кога авторката на постот тврди дека Smack it in the air значи „пушти го во воздух”, таа не зема предвид дека спотот на песната од 2014 година, ја портретира Бијонсе како аплаудира во воздух додека игра на поп песната. Ниту графен оксид, ниту пуштање во воздух на коронавирус не може да биде дел од интерпретацијата на ова музичко дело и спотот зашто станува збор за стар албум од 2014 година, кога немаше ковид.

Графен оксидот, кој е споменат во постот што го рецензираме, повеќепати го споменуваат теоретичарите на заговори, како да е наводна состојка на ковид вакцините, иако тоа го демантираат производителите на вакцините и иако за тоа нема никакви докази. Графен оксид во вакцините против ковид нема.

Оттука, оценуваме дека постот изнесува дезинформација дека песната 7-11 е нова, иако таа е од 2014 година. Понатаму во постот е испуштен контекстот затоа што вистински објавени промотивни материјали за истоимениот музички проект, се погрешно интерпретирани во контекст на ковид пандемијата со цел да се создаде конспирациска теорија која е бесмислена, пишува „Вистиномер“.

 

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Опозицијата останала со 55 пратеници за гласање недоверба, избегната физичка пресметка

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk