Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.483 тестирања регистрирани се 172 нови случаи со Ковид-19. Во истиот период, регистиррани се и девет почанти лица и 381 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број нови случаи на Ковид-19, од Скопје се 107, Охрид 11, Битола 8, Кавадарци и Штип по 6, Велес и Струга по 5, Струмица 4, Свети Николе и Кратово по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија по 1.
Од регистирираните девет починати лица во изминатите 24 часа, четири се од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Сите пријавени лица починале во болнички услови.
Од 381 оздравен пациент од Скопје се 145, Битола 42, Куманово 30, Штип 22, Кавадараци 21, Велес 20, Кочани 18, Крива Паланка 15, Прилеп 12, Тетово 10, Кичево и Берово по 8, Свети Николе и Неготино по 5, Кратово и Делчево по 4, Охрид, Богданци и Радовиш по 3 и Пробиштип, Ресен и Македонски Брод по 1.
Од направените 1.483 тестови преку ИЈЗ се 37, ЦЈЗ Скопје 34, Институт за микробиологија 133, Жан Митрев (Филип Втори) 53, Авицена 48, Биотек 100, Систина 46, Синлаб 5, Никоб лаб 157, ВФВ Медикал 22, Ели Медика 18 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 830.
Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.