ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Кастриот Реџепи зборува за заканите и за своето отсуство

November 15, 2021 11:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Кастриот Реџепи. Фото: принтскрин

Кастриот Реџепи. Фото: принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето Беса за денеска во 11.30 најави прес конференција на која ќе објасни каде е од четвртокот откако тој ден поради неговото непојавување во Собранието на клучната седница за гласање на недоверба на владата на Заев, пропадна обидот на опозицијата да формира ново парламентарно мнозинство.

Реџепи од четвртокот преку постови и видео се обрати во неколку наврати до јавноста откако неговите сопартијци како и партиите од новото парламентарно мнозинство во формирање, соопштија дека тој е можеби киднапиран, па случајот го пријавија во полиција.

Откако пропадна обидот за формирање на ново парламентарно мнозинство од опозициското јадро и соборувањето на владата на Зоран Заев, Движењето Беса го исклучи Реџепи од своите партиjата.

-Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Кастиот Реџепи потврди дека бил мета на закани и чека, на „безбедно место“ да поминат сите ризици за да излезе пред јавноста со деталите за своето „исчезнување“.

Како причина зошто не остана дел од договореното опозициско парламентарно мнозинство наведе дека постапил така како одговорен политичар зошто  што „на државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“.

Извор: Слободен печат

 

Next Post

Реџепи: Совеста ми е чиста, јас сум сојузник на своите сограѓани

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk