Снимањето филм не е лесно. И кога сте навистина страстни за вашиот филм тој станува само потежок. Додека на некои филмови како „Паранормална активност“ им требаат само неколку недели за снимање, времето на продукција може да достигне до една деценија, па дури и повеќе. Набројуваме филмови за кои е потребно прилично долго време на продукција. Освен времето на продукција, се разгледуваше и актуелноста и популарноста на филмовите. Еве список на филмови за кои беше потребно најдолго да се снимаат пред да се појават на екраните.
The Thief and the Cobbler (1993)
На овој анимиран филм му беа потребни 28 години за да се направи воодушевувачки! Режисерот Ричард Вилијамс го започна проектот во 1964 година. Но, поради недоволното финансирање, тој снимал само некои сцени во исто време што доведуваат до бавна продукција. Меѓутоа, откако работеше на успешниот „Who Framed Roger Rabbit“, тој обезбеди доволно финансирање и дистрибуција од Warner Bros.
Tiefland (1954)
Режисерката Лени Рифенштал започнала да пишува сценарио кое ја прикажува нацистичката култура во 1934 година. Меѓутоа, подоцна била повикана да дизајнира воена пропаганда за нацистите. Хитлер подоцна и дал дозвола да работи на проектот во 1940 година, а до 1944 година, филмот бил снимен поради одложувањата предизвикани од војната. Сепак, набргу потоа, филмот беше конфискуван од Французите и вратен години подоцна за конечно прикажување во 1954 година. Филмот исто така го држи рекордот како филм во живо со најдолго време на продукција досега.
Pakeezah (1972)
Боливудскиот „Pakeezah“ заслужува место на оваа листа бидејќи му беа потребни неверојатни 16 години за да се продуцира! За почеток, ова беше почит на режисерот Камал Амрохи на неговата тогашна сопруга и актерка, Меена Кумари. Тој сакаше таа да биде запаметена по овој филм и затоа потроши значително време за развој на филмот. Кога започна снимањето во 1956 година, Техниколор почна да станува сè попознат и Амрохи сакаше филм во боја наместо црно-бел. Подоцна, Cinemascope настана и Амрохи потроши огромна сума и позајми објектив од MGM. Сепак, проектот не можеше да започне поради некои технички тешкотии.
Boyhood (2014)
Филмот „Boyhood“ на Ричард Линклејтер, номиниран за Оскар, беше веројатно неговиот најпредизвикувачки филм. Тој донесе храбра одлука да го снима филмот во текот на 12 години на континуирана основа за правилно да ги долови ликовните трансформации.
Аvatar
Научно-фантастичниот еп „Аватар“ на Џејмс Камерон ги заслепи сите кога беше објавен и отстапи место на цела филмска франшиза на која допрва треба да посведочиме. Сепак, не беше лесна задача да се направи таков филм. Освен времето потребно за развој на сценариото, на самиот филм му беа потребни 10 години за да се продуцира поради самата природа на филмот. Камерон мораше многу трпеливо да чека додека не стане достапна вистинската технологија и бидејќи визуелните ефекти беа суштината на филмот, тоа беше и мудра одлука. Среќни сме што не избрза низ продукцијата и се задоволи со помалку. Може само да се замисли колку неверојатни би биле продолженијата и нема да најдете некој да се пожали на долгото чекање.
подготви: Миткоска Марија