Лулзим Хазири
Ќе кажеш еден збор кој веднаш никнува, на таванот,
Додека гледаш облаци стуткани како бела волна во вретено,
Преку прозорец што не се затвора за атер на ладот кој се поросува,
И се истура врз кожата што гори без допир.
Се случува да го изгуби патот и да се врати назад:
“Не излегол од мозокот, не си го џвакал добро!”
И ја крие насмевката, како куче коската во земја,
Чиниш дека мозокот е тој што светот го држи во живот.
Потоа, ги собира честичките на наоѓање расфрлени на земја,
Бисери од ѓердан скинати од силна рака
Редиш еден “идиот”, без да го добро поврзеш, го фрлаш во воздух,
Очекуваш нејзините очи да го фатат, за час, да го вратат од кај дошол …
Не е баш лесно да пренесеш збор,
Кога си гол, како надеж пружена на жица.
Приметуваш дека зборовите не ти лежат како порано,
Мрмориш “по ѓаволите”, вртиш грб, го чекаш нејзиното тело,
Да се урива врз тебе, да добие облик на збор … неискажан!
Лулзим Хазири (1962), поет и активист за човекови права. Автор е на повеќе збирки поезија, преведени на македонски, англиски, француски, романски и хрватски јазик.
избор: Тања Кармзова Костиглиола