ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Линхарт: Се надеваме на почеток на преговорите во декември

November 18, 2021 11:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Се надеваме на почеток на преговорите со Северна Македонија во декември, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје.

– Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно, порача Линхарт.

Тој оцени дека започнувањето преговори во декември не е важно само за Северна Македонија и за Албанија, туку тоа може да има позитивни влијанија и за целиот регион на Западен Балкан.

Линхарт посочи дека се додека земјите од Западен Балкан не се членки на Европската Унија, се дотогаш ЕУ не го завршила интегрирањето и оти Западниот Балкан е дел од Европа.

– Северна Макеоднија е типичен пример за кандидат во ЕУ. Затоа Австрија и натаму ќе се заложува за почеток на преговорите со Северна Македонија, порача шефот на австриската дипломатија.

Според него, силата и благосостојбата на Западен Балкан, значи сила и благосостојба за цела Европа.

– Сакаме да им дадеме на луѓето во Западен Балкан европска перспектива. За таа цел е неопходно да го поттикнеме процесот на интеграција, а за таа цел треба веднаш уште сега во декември да почнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Овие земји треба да ги врземе за ЕУ со уште поактивни мерки. Тоа се мерките на Еразмус, институциски мерки со цел земјите на Западен Балкан да бидат слушнати во Брисел уште појасно. Успеавме да зборуваме со земјите од Западен Балкан за иднината на Европа, бидејќи е важна европската перспектива за луѓето од Западен Балкан, дециден е Линхарт.

Министерот Османи, од своја страна, истакна дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на интегрирањето на Западен Балкан во Европската Унија.

– Ставот на Виена е дека Европа не е комплетирана без Западниот Балкан да е дел од Европската Унија и ние сме благодарни за тој став. Се наоѓаме во еден исклучително важен период за европските интеграции на државата и на целиот регион. Му кажав на министерот дека во Северна Македонија и во нашето досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион, бидејќи оттука треба да почне деблокирањето на регионот преку започнување преговори со Северна Македонија и Албанија што потоа ќе ги охрабри и другите држави да ги решат споровите со цел регионот да се движи во европски правец и да стане дел од ЕУ, рече Османи.

Тој додаде дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ.

– Зборувавме за декември, како еден добар прозорец за можноста и потребата за концентрирање на целокупната домашна, регионална и европска енергија во правец на искористување на оваа можност што е многу важна, не само за нашата приказна, туку за кредибилитетот на европската иднина, рече Османи.

Шефот на дипломатијата оцени дека ова е период кога ќе се детерминира и европската иднина за Македонија.

– Јас се надевам дека ќе биде декември, но тоа ќе зависи дали Република Бугарија ќе има нова влада и дали тие може да донесат одлука и добра одлука. Како што гледав вчера, 26 земји членки на ЕУ мислат дека токму декември е моментот кога треба да се започнат преговорите за нашата држава. И не само земјите членки, но во институциите на ЕУ го гледав ова, овој став дека декември треба да е токму овој период и дали тоа ќе биде месец дена пред, после тоа, тоа ќе зависи од кога Република Бугарија ќе има нова влада, додаде Османи на заедничката прес-конференција со шефот на австриската дипломатија Линхарт, кој е во официјална посета на земјава./МИА/.
Next Post

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.666.261 дози вакцини, а ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk