Ѓоко Здравески
ВОДА сум.
во пукнатината на забот на
времето влегувам.
таму молчам
на сите човечки јазици.
и сѐ што низ мене поминува
останува во мене.
Ѓоко Здравески е македонски поет, писател и есеистичар, роден на 14 март 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
избор: Тања Кармзова Костиглиола