ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полска и Австрија со силна поддршка за почеток на преговорите со ЕУ во декември

November 20, 2021 08:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Претседателот Стево Пендаровски и полскиот претседател Анджеј Дуда. Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски и полскиот претседател Анджеј Дуда. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По силната поддршка на Виена за почеток на преговорите во декември, дадена за време на завчерашната посета на шефот на австриската дипломатија на Скопје, Михаел Линхарт, вчера и полскиот претседател Анджеј Дуда, од Скопје порача дека доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно каже „не“ за влезот на Северна Македонија тој лично ќе истапи и ќе се заложи за изготвување документ за полесно земјава да се справи со прашањето за влез во ЕУ.

Полскиот претседател, на средбата со неговиот домаќин Стево Пендаровски, изрази надеж дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателот Стево Пендаровски и полскиот претседател Анджеј Дуда. Фото: МИА

– Бугарија е се уште во изборен процес и се уште новата влада таму не е формирана и се очекуваат во наредниот период резултати од целиот тој изборен процес. Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже НЕ за влезот на Северна Македонија јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ, рече Дуда на заедничката прес конференција во Скопје со Пендаровски.

Пендаровски, од своја страна, истакна дека се додека во Бугарија не се формира влада, односно, претходно не конституираат Парламент не би требало да се занимаваме со изјави кои доаѓаат од луѓе кои во моментот се уште немаат целосен полтички легитимитет.

– Станува збор за изјави, од која било страна да доаѓаат, дали од техничкиот министер за надворешни работи или од кандидатите на претседателските избори или оние кои би требало да ја формираат идната влада, а не знаеме дали ќе успеат да ја формираат. Тоа се изјави на луѓе кои или немаат целосен политички легитимитет или станува збор за кандидати кои допрва треба да станат членови на владата или да формираат органи на власт во Софија, рече Пендаровски прашан за различните позиции на актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев кој е и кандидат за втор мандат и на идниот можен мандатар на новата влада Кирил Петков.

Пендаровски вели дека независно дали ќе направат Влада или не во Софија, тој е претпазлив реалист. – Толку многу пати се изгоревме чекајќи од Софија да се дигне неразумната блокада што јас би почекал навистина да видам со кого конкретно утре, задутре и по 21-ви ќе разговараме не само на претседателско ниво, туку и на ниво на МНР кои де факто и досега ги водеа разговорите, кажа Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев и полскиот претседател Анджеј Дуда. Фото: МИА

На средбата на полскиот претседател со премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Бујар Османи, било констатирано дека проширувањето на ЕУ мора да продолжи, изразено преку почеток на преговорите на Северна Македонија, бидејќи со тоа ќе се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен, особено за земјите како Северна Македонија кои ги спроведуваат сите потребни реформи.

Во меѓувреме, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан во Мадрид, ги образложи македонските позиции во однос на проблемот со Бугарија.

– Блокирањето на евроинтегративниот пат дефинитивно не е помагање и е спротивно на членот 2 од нашиот договор, додека пак од страна на Северна Македонија не постои такво прекршување. Ние како политичари се договоривме да обезбедиме предуслови за успех на Комисијата за историски и образовни прашања, тие имаа повеќе средби и беше предложена и странска експертиза и помош за нивната работа. Со овој договор започнавме еден важен процес што некако беше исфрлен од колосек од причини кои сѐ уште се неразбирливи, рекол Димитров, стои во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Во нацрт-преговарачката рамка што сè уште е на маса, посочи тој, има еден технички параграф што е ист за сите земји кандидатки кои отпочнуваат преговори и предвидува превод на правото на Унијата на сопствениот јазик, во нашиот случај македонскиот јазик, за да се овозможи соодветно функционирање на Унијата во согласност со нејзините правила и принципи откако земјата ќе стане членка.

– Оттука, ова прашање се третира како прашање на самоопределување, како што е уредено со меѓународното право бидејќи нема правна основа и не е пристојно ниту една земја во светот, вклучително и за самата Унија, да признае или да не признае јазик. Јазикот е прашање за нашиот народ, според меѓународното право, истакна Димитров.

Тој посочи дека евроинтегративниот процес на С Македонија е прашање преку кое се преиспитува внатрешната кохезија на ЕУ и вредностите на кои се темели, како и влијанието на ЕУ во регионот.

Шефот на дипломатијата на Австрија Михаел Линхарт во интервју за МИА рече дека Австрија е уверена оти Северна Македонија е подготвена за процесот на преговори за членство во Европската Унија.

Шефот на дипломатијата на Австрија Михаел Линхарт. Фото: МИА

– Северна Македонија е дел од Европа и целта е Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. С Македонија мора да биде членка на ЕУ, ова е нашето уверување и сигурен сум дека заедно ќе ја постигнеме оваа цел. Двете страни треба да вложат напори, секако преку целосна поддршка од наша страна, нагласува Линхарт.

Шефот на бугарската дипломатија вчера на состанок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ истакнал дека бугарската страна сè уште очекува конкретни чекори од Скопје за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијалните и претензиите кон малцинства, прекинување на говорот на омраза, промена на учебниците и гарантирање на правата на граѓаните со бугарска самоопределба.

Од бугарското МНР, во одговор на агенцијата БГНЕС, навеле дека Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција на ЕУ со С Македонија, бидејќи актуелната нацрт-преговарачка рамка за пристапување на Северна Македонија „не ги одразувала предлозите на бугарската страна и затоа не можеле да поддржат почеток на преговорите.

Советот на амбасадори во исто време изрази разочарување од најавата на бугарското МНР, како и изјавата на министерот Светлан Стоев, дека Бугарија нема да поддржи почеток на преговорите на С Македонија за членство во ЕУ во декември оваа година.

– Советот на Амбасадори смета дека ваквото постапување од Бугарија не е во насока на напорите на Жосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, на земјите членки на Унијата и на Стејт Департментот на САД, за час поскоро одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија, наведуваат оттаму.

Тие дополнуваат дека оваа најава е особено неповолна и опасна во време кога земјите на Западен Балкан се соочуваат со закани по безбедноста на регионот, со влошување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, и со енергетска криза. Советот се надева дека и покрај овие најави, државните чинители на Бугарија ќе смогнат сили, на Самитот на ЕУ во декември, да и го отворат патот на С Македонија кон побрзо интегрирање во Европската Унија. /МИА/

 

Next Post

Разговорите за влез на Алтернатива во Владата продолжуваат, партиските органи ќе ја носат конечната одлука

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk