Невладината организација Инфоцентар-Скопје денеска организира онлајн средба на која ќе се говори за процесот на имунизација против Ковид-19.
Најавено е обраќање на националната координаторка за имунизација проф.д-р Александра Гроздановска од Фармацевскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).
-Оваа средба е одлична можност, новинарите да разговораат со д-р Грозданова, за тоа до каде сме со процесот на имунизација против КОВИД-19 во државава; што се презема за да се зголеми опфатот на населението со вакцина и што треба да се направи за да се надмине постојниот скептицизам на граѓаните кон вакцините; дали вакцините се отпорни на новите соеви на коронавирусот; дали има доволно вакцини; какви вакцини ќе се набавуваат во иднина и др, велат од НВО-инфорцентар-Скопје. /MИА/.