ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Полски медиуми: Северна Македонија е најконкурентна земја во регионот

November 22, 2021 16:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија е најконкурентна земја во регионот“, „Има потенцијал за продлабочување на соработката меѓу Полска и Северна Македонија“, ова се дел од насловите во полските медиуми по бизнис форумот што минатитот петок се одржа во Скопје на кој присуствуваа над 60 македонски и полски компании и 20 стопанственици од Полска. На полско – македонскиот бизнис форум присуствуваше и полскиот претседател Анджеј Дуда кој изјави дека двете земји имаат слични предизвици поврзани со трансформацијата на енергијата со ниски емисии, развојот на обновливите извори на енергија и енергетската инфраструктура.

Полските медиуми дадоа особен акцент и на Меморандумот за разбирање што го потпишаа директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Полската Агенција за инвестиции и трговија, Дејан Павлески и Кшиштоф Дринда.

„Меморандумот е прв чекор за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Полска, како и избалансирана и зголемена трговска размена”, пренесоа полските медиуми од дел од обраќањето пред присутните на бизнис форумот на директорот Павлески.

„Со Полска и полскиот народ имаме традиционално добри односи, а меѓу двете земји нема отворени прашања, туку само отворени можности. Не смееме да чекаме подобри времиња за да ја почнеме соработката. Подобрите времиња ќе дојдат само ако час поскоро почнеме да соработуваме”, изјави  претседателот Стево Пендаровски во своето обраќањето пред присутните на бизнис форумот пренесоа полските медиуми.

„Меморандумот за разбирање ќе овозможи зголемена динамика во соработката. Очекувам бизнис заедниците на двете држави да ја искористат оваа можност”, истакна шефот на македонската држава.

„Македонската економија генерално се смета за најконкурентна во регионот, земјата е одлично место за лоцирање на големи странски инвестиции“, објавија медиумите во Полска дел од изјавата на полскиот претседател Дуда пред инвеститорите присутни на форумот.

„Ова го препорачувам особено на полските инвеститори со долгогодишно искуство во индустријата, енергетиката, рударството, туризмот, заштитата на животната средина и земјоделството“ – потенцираше Дуда на Форумот. Анджеј Дуда истакна дека странските компании се повеќе инвестираат во Северна Македонија, на пример, во екстракција на суровини или во автомобилскиот сектор, пишуваат полските медиуми.

Земјата, лоцирана во срцето на Балканот, не само што е добро место за започнување на поширока, регионална економска експанзија, туку најмногу од сè е добар пазар за тестирање на нејзиниот извозен потенцијал, се дел од коментарите на полските новинари.Текстилната, прехранбената и ИТ/ИКТ индустријата се потенцирани сектори со големи можности за полските инвеститори.

 

Next Post

Трајан Ангелоски е нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Shortcut

Најново

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk