ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Најдобро е Заев да остане и во владата и во партијата, тој е сврзно ткиво во СДСМ и во коалицијата

На државата не и се потребни турбуленции и побаравме претседателот на некој начин да ја стави во мирување оставката. Сега ќе видиме што е постигнато, што да се преземе во наредниот период. Ако се одлучи во партиските органи избор на нов лидер, тоа ќе се организира во наредниот период, вели Спасовски.

November 22, 2021 09:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владиниот кабинет функционира со истиот капацитет како претходно и тоа мора така да биде во интерес на граѓаните. Овие турбуленции се нормални во демократскиот свет и мора да се бараат решенија. Се покрена прашање на доверба на владата, зголемување на парламентарното мнозинство, но владата во целиот период мора да функционира, објаснува на Утрински брифинг, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како во моментов функционира владата.

Во пресрет на утрешната седница на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Спасовски рече дека ќе се разговара и за изборот на нов лидер на партијата откако ќе бидат разгледани претходните заклучоци.

-Ние  утре имаме седница на Извршниот и на Централен одбор и ќе разговараме за ова прашње. Да направиме се да се стабилизира парламент мнозинство. На државата не и се потребни турбуленции и побаравме претседателот на некој начин да ја стави во мирување оставката. Сега ќе видиме што е постигнато, што да се преземе во наредниот период. Ако се одлучи во партиските органи избор на нов лидер, тоа ќе се организира во наредниот период, вели Спасовски.

Во СДСМ постои процедура за избор на нов лидер и во него учестуваат сите членови на партијата и тоа како новина беше воведено пред краток период кога Заев беше реизбран на челната позиција во СДСМ.

-Не очекувам многу кандидати за лидер. Секако низ еден ваков демократски процес, кога секој член ќе одлучува кој ќе биде нов претседател на партијата, секој има право со свој концепт и своја визија да учествува на изборите за претседател, рече Спасовски додавајќи дека тој во моментов не размислува да се кандидира за претседател на СДСМ

– Не размислувам во овој момент вооопшто, дециден е Спасовски.

Доколку се избере нов лидер на СДСМ, тој ќе биде нов мандатар на Владата и тогаш ќе има и промени во извршната власт.

-Мора да настанат одредени промени во партијата и во Владата. Ќе одлучуваат коалиционите партнери и мандатарот за состав на владата кој ќе даде оценка за досегашното функционирање на владата и ќе побара промени кадешто е потребно. Најважно е одржувањето на владата и резултати кои ќе бидат препоразнаени од граѓаните, вели Спасовски.

Според него најдобро решение и за партијата и за владата во моментов е Заев да остане на двете функции.

-Најдобро е Заев да биде тука и во владата и во партијата, но поради моралната поставеност незнам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување. Прашањето за Заев што тој е сврзното ткиво. Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединвуа структурите и во партијата и во коалцијата, дециден е министерот Спасовски.

Извор: Утрински Брифинг на Слободен печат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Christopher Downes

Политички вртимушки

НАЈНОВО

Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

October 15, 2025

Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Кина го поткопува меѓународниот поредок, смета Водефул

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk