ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета чека во Собранието

November 22, 2021 18:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во предлог текстот што се наоѓа во собраниска процедура на прво читање, има интервенција во повеќе од 1/3 од постојните членови во важечкиот Закон. Важна новина предвидена со новиот законски текст е значителното намалување на максималните износи кои судот може да ги досуди како надоместување на нематеријална штета, предизвикана со навреда или клевета од новинар во вршење на новинарска професија, од уредник или лицето кое го заменува или од правно лице. Така, за новинар овој лимит е 400 евра, за уредникот 2.000 евра, а за правното лице 5.000 евра во денарска противвредност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Како дел од реформите за усогласување и приспособување на законите на Република Северна Македонија со правото на Европската унија, е и изготвувањето на нов Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Овој нов закон е во собраниска процедура, предложен е од страна на Владата и има за цел  усогласување со меѓународните стандарди, а особено со Европската конвенција за човекови права.

Ваквото усогласување е дел од поглавјето „3.23 Правосудство и фундаментални права“, кое ги покрива областите на правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права, односно  политиките на Европската Унија кои имаат за цел да се осигури квалитет на правдата и пристапот до правдата за граѓаните

Од донесувањето на актуелниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета уште во 2012 година, лоцираните се слабости во неговата примена со што се создаде итна потреба тие слабости конечно да се надминат и да се донесе нов закон кој би ги исполнувал меѓународните стандарди.

Во предлог текстот што се наоѓа во собраниска процедура на прво читање, споредбено со важечкиот Закон, се работи за интервенција во повеќе од 1/3 од постојните членови.

Што предвидува новиот Предлог закон

Новините во првата глава – каде што се општите одредби на законот, се содржани во членот 5 каде се прецизирани професионалните правила на новинарската професија кои се однесуваат на прибирање, анализа и публикување на информации утврдени од професионалната организација на новинарите, при што се додава дека тие треба да бидат во согласност со етичките принципи на Меѓународната федерација на новинари.

Значајна новина е содржана и во членот 6 од Предлогот на законот, посебно во делот со легитимација на странките и различната судска пракса  што имаше за последица отфрлање на тужбите, а со тоа и создавање на различна пракса.

Предложеното решение за измена на член 6 ставот (3) од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета гласи:

За навреда сторена преку средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен за јавноста, можат да одговараат авторoт, уредникот или лицето кое го заменува и правното лице како издавач. Ако средството за информирање нема уредник или лице кое го заменува одговара физичкото лице или правното лице сопственик на средството за информирање.

Поимот „средство за информирање“

Поимот „средство за информирање“ не регулира таксативно кои се тие средства за информирање.  Европската конвенција и искуствата кои произлегуваат од праксата на ЕСЧП укажуваат дека просторот за изразување треба да биде слободен, без стриктно набројување или определување на сите средства или форми на јавно информирање. Ригорозно регулирање на медиумскиот и другиот простор претставува опасност и може да доведе до цензура. Оттука, потребно е да одговара секој кој ќе ги прекрши стандардите, но слободата на изразување мора да биде целосно оставена. Со новото решение се овозможува тужителот при поднесувањето на тужбата да е слободен да одлучи против кое од лицата од ставот (3) од овој член ќе поднесе тужба за утврдување одговорност и надоместување на штета за навреда.

Во членот 10 направено е техничко подобрување на текстот со воведување на поимот „средство за информирање“. Со поимот „средство за информирање“ се опфаќаат разни средства, форми и начини на информирање на кои се објавуваат содржини достапни за јавноста, но го опфаќа и поимот средство за јавно информирање и другите средства кои се регулираат со Законот за медимуите.

Во истиот член се интервенира со нов став (5) со кој се исклучува одговорноста за клевета за средството за информирање што го пронесува тврдењето ако е платформа за агрегација на медиуми, освен во случај кога платформата е формирана со цел за злоупотреба на слободата на информирање, спротивно на законите во областа на јавното информирање. Воведувањето на ваков исклучок превенира ризик за намерно креирање на платформа за агрегација со цел пронесување на невистинити и клеветнички содржини.

Намалување на казните

Како значајна новина предвидена со новиот закон е значителното намалување на максималните износи кои судот може да ги досуди како надоместување на нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета од новинар во вршење на новинарска професија, од уредник или лицето кое го заменува или од правно лице. Така, за новинар овој лимит е 400 евра, за уредникот 2000 евра, а за правното лице 5000 евра во денарска противвредност.

Со донесувањето на овој закон ќе се постигне усогласеност со меѓународните стандарди, Европската конвенција, праксата на ЕСЧП и Член 28 од Директива 2010/13/ЕУ CELEX бр. 32010L0013.

Иницијативата за донесување на нов закон е нотирана и во последниот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија за 2021 година, каде се потенцира намалувањето на максималните износи за нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета од новинар.

Предлог законот е сè уште во собраниска процедура на прво читање со европско знаменце.

 

Next Post

Филипче: Не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот во земјава

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Правила за избор на градоначалник: Победува кандидатот со најмногу гласови, ДИК резултатите ги објавува во рок од 12 часа

November 2, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈО: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk