ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сведоштво на дописникот на МИА од Струмица за страотната автобуска несреќа во Бугарија

November 23, 2021 18:19
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Веста за страотната и голема автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа 46 македонски државјани ја дознав утрово во 04:20 кога ме побара директорот на МИА, Драган Антоновски и најбргу што можев тргнав. Дождот и маглата не дозволуваа брзо да се вози и за триесетина минути веќе бев на бугарскиот граничен премин Златарево.Тамошните полицајци и цариници за кусо време ме избрифираа. Изразија сочувство и по кусото задржување околу купувањето вињетка, продолжив кон Петрич, оттаму кон Сандански и Благоевград.

Цело време по патот слушав информации од бугарските радио станици, кои од минута во минута пренесуваа од црни до најцрни вести.

Знаев дека ќе биде тешко да се пробијам до местото на несреќата, но телефонскиот повик од колешката Десислава Велкова, дописничка на БТА од Благоевград, малку ме смири. Откако се слушнавме се договоривме каде да се најдеме и заедно да продолжиме. Се најдовме на една бензинска станица на излезот од Благоевград и заедно продолживме уште стотина километри по автопатот „Струма“ на околу триесетина километри до Софија.

Патувањето заврши на околу 4 километри пред местото на несреќата, каде полицијата не дозволуваше да продолжиме понатаму. Колоните возила се пренасочува по стариот пат кон Софија, а колешката Десислава и нејзиниот колега Красимир Велков, по кусото задржување, се сетија дека преку заобиколен пат можеме да се доближиме до местото на ужасот.

По кусо возење се исклучивме од стариот пат и преку селото Старо село излеговме повторно на автопатот, но не можевме да се приклучиме на него, бидејќи на приклучокот беше поставена свежа брана од земја и дрвја и моравме да застанеме.

Го грабнавме фотоапратите и телефоните и по околу стотина метри наидовме на полиција и бугарски колеги кои од далечина од над 1.000 метри снимаа и фотографираа. Млад сообраќаен полицаец не предупреди да не ги преминуваме поставените знаци и дури неколку пати не опоменуваше ако преминавме макар и десетина сантиметри.

Во далечината се гледаше изгорениот автобус на „Беса транс“ и силуети на полицијаци и истражители. Фотографиравме и снимавме колку што може да се снима од толкава далечина. Во воздухот се чувствуваше тагата и неверувањето зарем може да се случи толку голема несреќа со рекорден број на загинати. За неколку минути поминаа 4-5 возила на итната помош. Чудно, немаа вклучени сирени. Како да сакаа да дадат свој придонес во тишината на овој дел од автопатот.

Топката во градите од глетката пристискаше, но новинарската желба да се дознае нешто повеќе беше посилна.

Најпрвин збор-два со еден колега од приватната новинска агенција БГНЕС, кој сметаше дека автобусот најпрвин удрил во десната заштитна ограда на автопатот, па занесен од ударот се запалил и завршил на средината меѓу двете коловозни ленти.

Младиот полицаец, кој го обезбедуваше местото на несреќата, кусо прокоментира дека ова место со свиок на автопатот може да биде многу опасно ако се вози брзо и со неприспособена брзина на движење, посебно кога е влажно.

На враќање кон возилата, колеги од БНТ, кога дознаа дека сум од Струмица. побараа да им дадам изјава, откако непотврдено беше пренесена вест дека меѓу загинатите има и од Струмица. Им реков да пратиме извештај од автомобилот, па ќе се вратам. Не се вратив. Што да им кажам?

Го напишавме извештајот со колешката Десислава, кој заеднички го објавивме на страниците на двете новински агенции. Пративме фотографии и се обидувавме да собереме дополнителни информации додека да сфатиме дека настанот подобро се покрива од страната на автопатот кој доаѓа од бугарската престолнина.

Во договор со редакцијата заклучивме дека од тоа место толку може да се известува. Тргнавме назад. Се појави сонце позади ридовите од автопатот. Во целата темнина и траор ситниот сончев зрак како да беше некаква надеж. Но, надеж за кого? За загинатите-не! За преживеаните-не! За животот дека продолжува понатаму-можеби.

Тргнавме назад. Се разделивме на влезот во Благоевград. Продолжив сам по патот со мислите со загинатите и нивните семејства. Слушав вести на бугарските радио станици, кои веќе почнаа да ги повторуваат изјавите од премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Јанев, па изјави од истражителите и полицијата. Изјавата на Заев дека оваа несреќа нема да ги раздели двата народи, туку уште повеќе ќе ги зближи ми одзвонуваше во ушите. Се емитуваше на Бугарското национално радио без превод на бугарски. За несреќите нема граници, раса, пол или верско и политичко убедување.

Со овие мисли полека стасав до нашиот граничен премин Ново Село. Брзо го поминав патот. Можеби оти со очите ја следев коловозната лента, а со мислите бев на свиокот каде запалениот автобус проголта 46 човечки судбини и ги зави во црно нивните семејства.

Next Post

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември

НАЈНОВО

Во Битола почнува 33. ИФАДФ „Камера 300“ во знакот на 120 години од првиот филм на браќата Манаки

October 31, 2025

МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

October 31, 2025
Скриншот

Барселона се враќа на „Камп Ноу“ на 7 ноември за отворен тренинг пред 23.000 навивачи

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk