Сите седум пациенти кои се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се стабилни и се чувствуваат добро. Од колегите во болницата ја имаат целата нега, терапија и дадена им е психолошка поддршка, напиша министерот за здравство Венско Филипче на социјалните мрежи.
„Утрово разговарав со д-р Иван Поромански, директор на болницата, ме информираше дека стабилна е состојбата и на двајцата пациенти кои беа оперирани. Кај еден пациент беше извршен хируршки зафат на ногата, а на пациентка и беше извршен помал зафат, ѝ беше оперирано коленото. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје“, напиша Филипче.