ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ

Османи: Се надевам дека истрагата ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата

November 24, 2021 11:21
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата и доколку навистина има човечки фактор зад тоа, да се преземат сите неопходни мерки. Вчера имаа прес-конференција и министерот за транспорт и министерот за внатрешни работи, ги кажаа своите ставови и најкомпетентно е сепак тие да кажат став по однос на тоа кој има одговорност, дали има одговорност, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Според информациите коишто ги имам, истрагата е во тек, ја водат државните власти во Република Бугарија, наши претставници има во тие екипи да помогнат. Ние имаме можности дополнително доколку се појави потреба да таква експертиза. Ви ја кажав ситуацијата во делот со идентификацијата, со судската медицина. Нашите експерти се тука од вчера, меѓутоа вчера не им било дозволено затоа што се бара дозвола од бугарското обвинителство. Пуштивме нота вчера, со барање официјално, таа нота беше попладнето, очекуваме утринава обвинителството да им дозволи на Институтот за судска медицина во Софија да се вклучат нашите професори, рече Османи.

Во однос на информациите дали автобусот немал лиценца, Османи рече дека министерот за транспорт вчера имаше прес-конференција и кажа дека има три нивоа на сертифицирање – компанијата, возилото и возачот.

– Изгледа дека возилото не е регистрирано во нашиот центар, конкретното возило, а не на компанијата. Но, сепак, не очекувајте од мене такви детални информации, сепак мојата улога е поинаква во овој процес, истакна Османи.  

Во одговор на новинарско прашање дали разговарал со повредените околу несреќата, Османи рече дека дел од нив се во тешка психичка состојба.

– Тие целосно ја паметат  приказната, сето тоа што се случи. Дел од нив се во тешка психолошка состојба на коишто им е потребна професионална помош. Затоа јас презедов обврска ако треба и од Скопје да донесеме заради јазичните бариери евентуално да можат да им помогнат луѓето да ја пребродат полесно состојбата. Се што треба, ако проценат лекарите да донесеме од Скопје ние тоа ќе го направиме. Затоа јас сум тука денеска за да олеснам секој вид на координација, додаде министерот за надворешни работи кој и денеска ќе остане во Софија за координација во врска со несреќата. /МИА/. 

Next Post

Разрешни директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, за в.д назначени Пеце Матевски и Стојан Мицкоски

НАЈНОВО

Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

November 13, 2025
Фото: МИА

Делегации положија цвеќе на Партизанските гробишта по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

November 13, 2025

Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж на Гумење во Крушево

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk