ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж на Гумење во Крушево

November 13, 2025 12:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско цвеќе“.

-Иницијативата ја почнавме во 2011 година. Мојата пријателка Соња Јоковиќ од Сомбор и јас седнавме да разговараме. Таа ја изнесе својата идеја.  Го сонувала Тоше во бело и во голема светлина и тоа на денот кога загина, 16 октомври. Што е интересно, и јас имав сличен сон, Тоше во сонот беше во бело, но ја пееше песната „Полско цвеќе“. Значи, ја покренавме таа приказна за да се направи нешто за Тоше, раскажува Гањиќ, кој на Гумење го следеше поставувањето на витражот.

Првиот дел од витражот со ликот на Тоше е донесен на 14 ноември 2012 година. Направен е за два-три месеци. Комплетната тема на витражот е „Полско цвеќе“. Витражот едно време беше конзервиран во Спомен-куќата на Гумење. Сега, вториот дел е изработен за два и пол месеци. И при изработката има необична приказна, поврзана со Тоше.

-Секој дел е од стакло и слика, и тоа запечени во печка. Но се случи нешто неверојатно, зачудувачки. Станува збор за стаклениот дел, последниот дел од текстот што е поставен, а Тоше го отпеа во „Полско цвеќе“. Стаклото трипати пукнуваше во печката. Малку бевме скептични. Тогаш преку пребарување на Интернет видов што работел Тоше кога бил во основно училиште: многу го сакал звукот на пукањето и кршењето на стаклото. Дури, со топка ги скршил прозорците во училиштето. Тогаш, кога го ставав стаклото по четврти пат во печката беше полноќ. Седнав, гледав и си реков: „Тоше, те молам, немој да се скрши и ова стакло“. И, утрото го извадив тоа стакло. Цело, нескршено. И, еве, успеавме да го направиме и да го поставиме, емотивно раскажува Гањиќ.

Гањиќ ги сака Тоше и Македонија за која е врзан преку значајни делови од неговиот живот.

-Забележавме дека витражот совршено може да се смести со продолжените елементи на стаклените делови од спомен обележјето. Проектот што го почнавме пред 14-15 години еве сега е завршен. Во проектот ни се придружи една наша пријателка Весна. Кога го направивме витражот имав чест да бидам угостен и од мојот пријател Благојче од Крушево. Сите овие години имавме комуникација со него и со Дора, сестрата на Тоше.Тој ни обезбеди многу поддршка – да ги донесеме деловите на витражот, да обезбедиме дозвола зашто ова е заштитен споменик. Ни помогнаа и Интерглас од Прилеп. Изопанот, потребен за витражот беше дониран од нив што ни е мило. Морам да им се заблагодарам на сите луѓе овде. Јас Македонија многу ја сакам. Често доаѓам. Тука служев војска во поранешната ЈУ-држава, вели витражистот Гањиќ.

Вубеникот во Тоше и Македонија ќе продолжи да изработува витражи во чест на човекот кој безрезервно ги сакаше и ги поддржуваше сите.

-Планираме и нови витражи, нема да се откажеме. Сега, во тек е еден проект кој чичко Никола, таткото на Тоше, сакаше да се направи. А тоа е Богородица. Тоа е во подготовка. Ќе видиме каде да се постави, дали на спомен обележјето или во манастирот „Свето Преображение“ над Крушево. Освен тоа, планираме на спомен-обележјето да изработиме една шара која ќе свети преку ноќ. Ќе размислиме и за другите витражи, раскажува витражистот Ѓањиќ, која со својата пријателка еден сон за споменот на Тоше го претворил во своја и мисија на добрите луѓе кои го почитуваат делото на Тоше Проески.

Tags: витражКрушевоТоше
Next Post
Фото: МИА

Делегации положија цвеќе на Партизанските гробишта по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk