Потрошувачките цени во САД продолжија да растат во октомври, поттикнати од цените на енергијата и скокнаа за 5 отсто на годишно ниво. Тоа е најбрзата стапка на потрошувачка инфлација од 1990 година, соопшти Министерството за трговија.
Во однос на претходниот месец, цените пораснаа за 0,6 отсто, колку што беа и анализите на аналитичарите.
Дополнително, приходите и расходите на домаќинствата се зголемени повеќе од очекуваното во однос на септември – за 0,5 отсто, односно 1,3 отсто.
извор: МИА