ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кој кого вози во Инспекторатот за транспорт?

November 25, 2021 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

До моментот кога го читате овој текст, поминати се речиси три работни дена од трагичната автобуска сообраќајка во Бугарија, а Државниот инспекторат за транспорт сѐ уште не спровел вонреден инспекциски надзор за работата на компанијата „БЕСА Транс“, игнорирајќи го дури и заклучокот на Владата од завчера за ИТНО спроведување таков надзор.

Во вчерашниот разговор за „Утрински брифинг“ со колешката Елизабета Спасеновска, директорот на овој Инспекторат, г. Руфат Хусеини, прилично неволно соопшти дека неговите инспектори ќе спроведат таков надзор, во неодредена иднина. Уште и додаде дека, без оглед на наодите, одговорноста за движењето на несреќниот, нелиценциран автобус вон границите на државава е во надлежност на Царината, а не на неговиот Инспекторат. „Ние ќе провериме зошто го нема (изводот од лиценцата), но тоа не е одлучувачки фактор во оваа несреќа“, заклучи Хусеини. (Тој со слични оценки оперираше и во неговиот вечерен телевизиски настап на една од дебатните ТВ-емисии.)

Недолго потоа, осврнувајќи се на реченото, некој од информативните портали („блиски до опозицијата“) соопшти дека Хусеини е долги години на својата функција и дека е родум од Зајас, земјак на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Здравиот разум упатува на тоа дека е и партиски кадар на ДУИ на оваа одговорна позиција.

Уште зборовите на Хусеини вчера утрината недоискажани, Министерството за транспорт ја одзема лиценцата за дејност на „БЕСА Транс“, а инспекциските органи (Секторот за професионална одговорност) на самата Царина „упаднаа“ на граничниот премин Деве Баир за вонредно да провери кога, колку пати и во кои царински смени неодредено време наназад ова возило транзитирало од Македонија кон Бугарија, иако не ги поседувало неопходните документи (два од пропишани три) за меѓународен транспорт.

Соопштението коешто пристигна доцна синоќа од извршената итна царинска инспекција вели дека, меѓу другото, автобусот на „БЕСА Транс“ не е евидентиран (со потребните документи) дека на 18 ноември годинава излегол од територијата на државава кон Бугарија, туку дека само е заверен евидентниот лист за патниците што ги превезувал. Двајцата дежурни цариници кога тоа се случувало ќе бидат суспендирани од работа, а за нивниот сменски раководител се најавуваат дополнителни санкции. За почеток.

Но, зошто Државниот инспекторат за транспорт сѐ уште не влегол во компанијата „БЕСА Транс“? Каква врска има оправдувањето на директорот Хусеини за неспроведувањето вонредна инспекција бидејќи на располагање има 13 инспектори, а треба да контролира 2.000 транспортни фирми?! Па, и еден-двајца инспектори се доволни за до денеска оваа итна работа, наложена од Владата, да се завршеше…

Човекот-директор не делува неупатено и наивно – напротив – за да не ја разбира потребата од итноста во постапувањето, заради сите правни, политички, па и човечки димензии од трагичната сообраќајка во Бугарија.

Сето ова, всушност, нѐ води до поважната тема што ни се наметнува по автобускиот карамбол кај Перник: да не беше ужасниот настан и тековната истрага за него, ова нелиценцирано возило којзнае уште колку пати и со кои туристи ќе возело по меѓународните рути и илегално ќе поминувало граници, а за тоа да не се свесни оние кои платиле да се возат во него. Но, следното логично прашање е: уште колку такви „илегални“ македонски автобуси се тркалаат по меѓународните патишта?

Всушност, надлежниот Инспекторат наместо да го одлага вонредниот надзор во „БЕСА Транс“, треба најитно да спроведе вонредни инспекции во барем уште десетина-дваесет слични фирми деновиве – доволни се и 13-те инспектори што ги има на располагање Хусеини за тоа! – за да покаже дека ја разбира не само вознемиреноста на јавноста и не само правната и „политичката“ потреба од брза реакција, туку и да ја оствари својата елементарна професионална одговорност што стои во насловот на институцијата: па, ИНСПЕКТОРИ сте, работа ви е да правите ИНСПЕКЦИИ, за што друго ве плаќаме?!?!

Или, тогаш, за некое друго „возење“ да не станува збор во Инспекторатот за транспорт?

 


ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post
'Traces and Memories' presents the work of four Macedonian artists. Source: Marjan Stojkovski

Четворица македонски современи уметници изложуваат во Бранзвик, Мелбурн

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk