25 ноември го одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со кој започнува и светската кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“.
Неговото одбележување за прв пат станува официјализирано во 1999 година од страна на Обединетите Нации и истиот е дефиниран од страна на „Истанбулската Конвенција“ или Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство.
Авторка: Shamsia Hassani / Авганистан (моментално во егзил во Иран).
Шамсија Хасани е родена во април 1988 година. Таа е првата жена уметница на графите во Авганистан. Преку нејзините уметнички дела, Шамсија ги прикажува авганистанските жени во машко доминантно општество.
Извор: shamsiahassani.net