Денеска во државата е трет ден на жалост поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, а во која загинаа 45 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани.
Владаа завчера прогласи тридневна жалост, знамињата се на половина копје, како во земјава така и на дипломатски мисии во странство.
Сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста.