ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски потенцира информации за да се избегнат шпекулации околу „Беса Транс“

November 26, 2021 20:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски преку објава на Фејсбук со цел, како што нагласува, да се избегнат шпекулации, потенцира и прецизира неколу информации околу лиценците на „Беса Транс“ и начинот како превозникот ја минувал границата.

Објавата ја пренесуваме во целост.

„Заради точно информирање би сакал да ги потенцирам следните информации. Превозникот Беса Транс поседувал две лиценци за работа тоа:

– Лиценца за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај со број 007017. За оваа лиценца веќе донесов решение да му биде одземена заради злоупотребата што ја правел Превозникот.

– Истата компанија поседувала лиценца за линиски превоз на патници во внатрешниот сообраќај со број 8528 и оваа лиценца е истечена во месец Октомври 2021 година и истата е неважечка.

– Овие лиценци се однесуваат на правното лице Беса Транс БТБ, како фирма, а не на превозни средства.

Во однос на поседување на изводите од лиценци за автобуси за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај, превозникот Беса Транс БТБ, поседувал изводи од линцеци за 4 автобуси.

Веднаш ќе потенцирам дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК0284 БА кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството, за истиот автобус не поседувал извод од лицнеца а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус.

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, се вели дека превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.

Превозникот ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за опожарениот автобус и поради тоа истиот не е евидентиран во единствената база на податоци.

Друга работа што е многу важна а со која се шпекулира во јавноста е начинот како превозникот Беса Транс БТБ ја минувал границата.

Изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс БТБ.

Тоа јасно упатува дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата за вршење на дејност на превозникот Беса Транс БТБ.

На крај сакам да информирам дека по барање на Обвинителството, Министерството за транспорт и врски веќе ја предаде целосната документација за превозникот Беса Транс БТБ и во наредниот период ќе постапуваме според барањата и потребите на Обвинителството.

Во однос на надлежностите на Министерството, веќе спомнав дека постапивме согласно Законот за превоз во патниот сообраќај и донесовме решение за одземање на лиценцата за работа и неможност за вршење на дејност. Превозникот има право на жалба, но жалбата не го одлага решението што значи дека тој има обврска да ја депонира лиценцата и изводите од лиценци назад во Министерството.“, пишува во објавата министерот Бочварски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пад на цената на нафтата по појавата на нов сој на коронавирус

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk