ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ почнува постапка за избор на нов лидер, Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

November 27, 2021 08:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Алтернатива, пак, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да разговара со Заев или неговиот наследник за евентуален влез во Владата.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори. Кандидирањето започнува утре и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката. По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите на партијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали на ЦО било споменато името на Димитар Ковачевски за можен наследник на Заев, Кузеска рече дека се работело за коментар за квалитети на човек, без да прецизира други детали.

Заев на седницата на ЦО информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми со цел да се задржи европскиот курс на државата. Кузеска не даде конкретен одговор кој е 61 – от пратеник.

– ЦО смета дека има простор за разговори за приклучување на Алтернатива врз основа на принципи и вредности, и пренесена е надлежност на Заев за тоа, рече Кузеска.

ЦО на седницата оценил дека државата и надлежните институции со полн капацитет се справуваат со предизвиците од енергетската криза и ги носат сите одлуки во оваа функција. Државниот буџет е ликвиден и има средства да се помогне енергетскиот сектор. Во однос на пандемијата фокусот на надлежните е да преземат чекор за дополнително мотивирање и охрабрување што повеќе граѓани да се вакцинираат. Буџетот за 2022 е развоен и обезбедува повеќе пари за инвестиции во клучните сектори, рече Кузеска.

На 12 декември лидер на Конгрес во Скопје ќе бира и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски информации, по успехот на локалните избори, се очекува претседателската функција во партијата да ја задржи Христијан Мицкоски.

Претходно синоќа Централното претседателство го овласти претседателот на Алтернатива Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

– Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.

Муртезани рече дека отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори.

– Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта, рече портпаролот на Алтернатива.

Потоа, како што додаде Муртезни, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.

– Централното Собрание на Алтернатива може да се свика откога ќе имаме нешто поконкретно од самата подготвеност за преговори, рече Муртезани.

Одговарајќи на прашање рече дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.

– Како ќе завршат преговорите не знаеме, повеќе сме заинтересирани за начините за излез од оваа криза, додаде Муртезани.

Во интервју за белградска „Политика“ лидерот на партијата Африм Гаши изјави дека Алтернатива ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во Северна Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нивните партиски и национални цели.

-Ако во преговорите видиме дека Зоран Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност, рече Гаши./МИА/.

Next Post

Мнозинството е стабилно, започнува процес за внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 12 декември

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk