ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќучук: Верувам дека добрососедските односи немаат алтернатива

November 27, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите политичари кои сакаат Република Северна Македонија и целиот регион да биде во НАТО и Европската унија работат за позитивен развој. Верувам дека добрососедските односи немаат алтернатива. Успехот на Северна Македонија е успех за целиот регион и успех за ЕУ, изјави денеска во Скопје европратеникот Илхан Ќучук.

Како известувач за нашата земја во Европскиот парламент, Ќучук, рече дека работи активно, како со владејачките партии, така и со опозицијата, како и дека има чести средби и со претставници од граѓанскиот сектор.

– Претстои извештај, кој ќе ги одрази позитивните тенденции во земјата, но и тоа што треба да биде направено во претстојните месеци, реформите, кои треба да бидат продлабочени. Навистина верувам дека во дипломатијата нема точка, има само запирка. Треба да бидат направени сите дипломатски и политички напори, за да биде постигната целта, која е многу поголема од тоа Бугарија и Северна Македонија да имаат добри односи. Таа е поврзана, со тоа целиот регион да биде придвижен кон ЕУ, рече Ќучук, по посетата на ОУ „Исмаил Ќемали“ заедно со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Гледате, нагласи Ќучук, до каде може да доведе една криза меѓу две земји.

– Имаме криза меѓу Србија и Косово. Имам криза меѓу Република Српска и Босна и Херцеговина, не ни треба тоа. Потребен ни е силен регион, кој ќе биде цивилизациски, економски, образовно и културно поврзан со НАТО и ЕУ, изјави Ќучук.

Прашан за можноста за решение на спорот со Бугарија, Ќучук, рече дека секоја можност треба да биде разгледана и да се работи за неа.

– Јас секогаш работам за тоа да се случи што е можно најбрзо. Двете земји верувам дека ќе имаат добри намери, на масата на преговори има услови кои што треба дополнително да бидат засилени. Тоа што нас ни пречи во меѓусебните односи се недостигот на информации, понекогаш непознавањето на еден или друг случај, кои што водат и до политички потреси. Треба да има стабилна влада во Република Северна Македонија, стабилно мнозинство во Република Бугарија, за да се вратите на масата на преговори. Договорот од 2017 година дава јасна насока за добрососедски односи и евроинтеграција на земјата, изјави Ќучук.

Сепак, тој нагласи, дека Договорот се заснова на взаемна доверба и единствен начин да се поправи довербата е да се врати на масата на преговори и затоа ги повика сите страни кои се загрижени евроатлантското членство на целиот регион да го направат тоа.

– Немаме потреба еден национализам да го подига другиот национализам. Кога има национализам од страната на Скопје, истиот национализам се подига од страната на Софија. Национализамот не е аргумент, тој не може да биде дивижечката сила во 21 век. Единствено заштитата и почитувањето на човековите права, вклучително и правата на малцинствата и учеството на сите во еднаков и рамноправно поставен демократски процес може да гарантира најдобар степен на добрососедски односи, изјави Ќучук. /МИА/.

Next Post

Димитар Ковачевски ќе се кандидира за лидер на СДСМ

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk