ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за МИА: Потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата

November 29, 2021 11:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се кандидирам и подоготвен сум да преземам одговорност, а СДСМ е голема партија и во неа има многу способни луѓе кои можат да бидат кадидати за претседател на партијата, во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој вчера изјави ќе се кандидира за лидер на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември.

-Без разлика дали и колку други кандидати ќе има, очекувам достоинствена политичка дебата и избор на ново раководство кое ќе значи нова енергија за партијата, но и за државата. Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Затоа во мојата комуникација ќе обединувам наместо да делам, а внатрепартиската дебата од моја страна ќе биде исклучително конструктивна, појаснува Ковачевски.

Тој додава дека сите сегашни и минати функционери во одреден период придонесувале и работеле во интерес на граѓаните и сите тие мора да бидат почитувани од страна на новото раководство.

-Јас сум член на СДСМ од 1994 година и во изминатите речиси 30 години сум имал прилика да соработувам со сите минати раководства. Идниот претседател на СДСМ мора да има план како да ги вклучи и да ја обезбеди нивната поддршка. Самите избори пак мора да ги спроведеме ефикасно и демократски, а потоа да се фокусираме на решавање на проблемите од интерес на граѓаните. Тоа граѓаните го очекуваат од нас како партија, а не да се занимавме со бескрајни дебати и јас тоа нема да го дозволам. Граѓаните бараат решенија и работа, вели тој.

Ковачевски вели декљ СДСМ на овие избори на некој начин беше казнет од своите гласачи кои решија да останат дома или да гласаат за помали партии и независни листи.

-Добро е граѓаните да испратат порака кога не се задоволни бидејќи тоа не тера нас политичарите да ги менуваме политиките. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија, вели тој.

Според Ковачевски СДСМ мора да ги продолжи одличните социјални политики, покачувањето на минималната и просечната плата.

-Но, треба уште повеќе да зборуваме за решенија на проблемите за кои граѓаните зборуваат со семејствата, пријателите и кои им го отежнуваат секојдневнието. Партијата која владее треба да биде постојан контакт со реалните проблеми и на истите да има одговори, додава тој.

Понатаму, според него потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата.

– Не се доволни успешни реформи на судскиот систем и добри закони. Граѓаните сакаат да видат дека сите ние како политчари со личен пример и во пракса го спроведуваме тоа. Потребна е поголема конзистентност помеѓу она што го зборуваме и она што го правиме и само така ќе ја вратиме довербата. СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува. На локалните избори дозволивме да се намали коалицискиот потенцијал на партијата, но се случија и внатрешни несогласувања што резултираа со поделби на изборите. Моја главна цел ќе биде да ја обединам партијата и да ги надминеме разликите, вели тој.

Next Post
Сашо Орданоски

Ќе извади ли СДСМ билет во еден правец?

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk