Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во случајот „Моќник“, Антонијо Милошоски денеска од Вашингтон, на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, соопшти дека од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Истиот неповолен исход, според него, се очекува и во периодот јан-јули 2022 година.
„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, вели Милошоски.
Откако Милошоски ги објави фотографиите и статусот, поранешниот пратеник и активист Павле Богоесвки на Фејзбук напиша дека Бугарија се гордее со него (Антонијо Милошоски).
„Кога го читаш Антонио Милошоски, не можеш да сфатиш дали човекот отишол во Вашингтон да лобира за, или против добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.
Одвратен е начинот на кој вмровските пулени се радуваат на бугарското вето.
Не знам што е полошо – ситењето на несреќата на сопствената држава или тоа што тие се “патриотите” на политичката сцена?
Не – дефинитивно, најлошо е што сè уште има луѓе кои веруваат во нивните г*мна.
Одличен проект, Антонио!!1! Бугарија се гордее со тебе“, напиша Богоевски.
Извор: Локално и Фејзбук