Државата ќе добие датум за преговори кога ќе се реши спорот со Бугарија. Тоа Милошоски би требало да го знае. А бидејќи тоа го знае, а воопшто не го интересира, туку во дадениот случај го интересира единствено прошетката до Вашингтон која, за волја на вистината, други му ја плаќаат. И го интересира zero sum game: состојба на нулта точка „во“ и „со“ државата. Што значи, Антонио М. може да биде „баја“ и „фаца“ во статус-кво состојба.
Единствено што прават е клевета, опструкција и подривање. Попатно, само констатираат дека ситуацијата е лоша, цинично се смеат и така собираат ефтини политички поени.
Меѓутоа, вредно е да се напомене: со нивното делување само ја јакнат позицијата на Бугарија. Нашата ја слабеат, а на Бугарите ја јакнат.
Тоа е денес таканаречената „опозиција“ на Мицкоски.
Штом е полошо за државата, тогаш мора да е подобро за нас, така размислуваат денес „вистинските опозиционери“.
Објава на Фејсбук од Ненад Јовановиќ.