ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојбата со коронавирусот стабилна, засега нема потреба од нови мерки за заштита од омикрон

November 30, 2021 08:03
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука дека нема потреба од нови мерки за заштита и превенција од новиот сој на коронавирусот Омикрон. Министерот за здравство, Венко Филипче заклучи оти епидемиолошката состојба е стабилна, а двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број на слободни кревети.

– Гледаме дека некои земји преземаат некаква форма на рестрикција. Сепак, нашиот заклучок е дека остануваме со сегашниве мерки. Се уште нема доволно познати информации. Иако Светската здравствена организација укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив, сепак директорот на Американскиот институт за здравство д-р Колин вели дека и за тоа нема доволно информации. Можеби се тука некаде по степенот на преносливост со делта сојот. Сметам дека рестрикција во однос на затворање на граници на секој што доаѓа од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што очигледно се детектирани во некои европски земји и досега видовме дека кога нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи, да остане ограничен на една територија каде било во светот. Очигледно е дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани. Се става акцент на вакцинацијата. Ако некој не е вакциниран може да патува со ПЦР-тест, изјави Филипче по состанокот на Комисијата.

Додека во државата состојбата е стабилна, министрите за здравство на земјите од Г7 вчера одржаа итен состанок на кој дискутираа за ширењето на новиот сој на коронавирусот, а дел од земјите започнаа и со воведување на нови мерки. Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди оти новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо.

Во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Министерството за здравство направени се 1245 тестирања, регистрирани се 118 нови случаи со Ковид-19, 18 починати и 396 оздравени пациенти.

Вкупно се аплицирани 1.694.373 дози вакцини, а ревакцинирани се 794.666 граѓани, трета доза вкупно примиле 70.937 граѓани. Со една доза вакцина се вакцинирани 58 проценти од полнолетното население, додека со две дози вакцинирани се 47 отсто. Од вкупниот број население, една доза имаат примено 39 проценти од граѓаните, додека со две дози се вакцинирани 38 отсто.

Министерот Филипче на својот Фејсбук-профил напиша дека согласно препораките од СЗО, вакцинацијата против Ковид-19 е побезбеден начин да се помогне во градењето заштита отколку да се заразиме или разболиме.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека „Фајзер“ мора да ја адаптира својата вакцина против коронавирус на новиот сој во рок од сто дена.

-Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус, изјави претседателката на ЕК и додаде дека Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.

И состојбата во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Царовска истакна дека бројките се исти како и во изминатите недели, односно не е забележан раст на КОВИД-позитивни ученици.

-Процентот на новозаразени според дневните статистики, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број  активни случаи во училиштата не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физичко присуство, соопшти министерката.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а на активни случаи изнесува 8.096. /МИА/.

Next Post
Фото: ЕПА

Преку организиран државен протокол телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, ќе им бидат предадени на семејствата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk