ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Полициската соработка дава конкретни резултати и нуди перспектива за натамошна стратешка и оперативна соработка

November 30, 2021 11:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи цврсто стои зад приказната за полициска соработка наречена Конвенција за полициска соработка на Југоисточна Европа, која и до денес дава конкретни резултати и нуди перспектива за натамошен развој на стратешката и оперативната соработка во сите земји кои се дел од оваа платформа, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот 22-ри состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје.

Спасовски оцени дека прекуграничната соработка и заедничките оперативни активности преку навремена размена на податоци и информации, се предуслов и за успешно спроведување на мерките на национално и меѓународно ниво за враќање на странските терористички борци од воените жаришта на Блискиот Исток.

– Свесни сме дека таа е одлична основа за размена на информации и моќна алатка применлива во сите сегменти на полициското работење, превентивно, репресивно и на сите нивоа – стратешко, тактичко и оперативно, значително придонесувајќи кон јакнење на капацитетите и кон нивното професионално доусовршување, рече во излагањето Спасовски.

Говорејќи за приоритетите од самиот почеток од преземањето на претседавањето со КПСЈИЕ, Спасовски ги издвои активностите што се реализираат во однос на измена на т.н. Мини Прум Договор, едната за измени на одредбата од Договорот што се однесува на пристапување на нови членки на Конвенцијата кон Договорот за автоматизирана размена на податоци, и втората за потпишувањето на „Протоколот за изменување и дополнување на овој Договор“, од кое дел ќе се реализира на маргините на овој Комитет на министри.

Тој ја спомена и иницијативата на МВР за размена на информации меѓу несоседни заеднички контакт центри, воспоставени помеѓу договорните страни на Конвенцијата за полициска соработка.

– Свесен сум дека за ова прашање ќе имаме посебна сесија и се надевам дека оваа можност за натамошно продлабочување на соработката меѓу воспоставените заеднички контакт центри ќе наиде на ваше одобрување и дека откако овој Комитет на министри во своите заклучоци ќе ја утврди таквата можност, договорните страни кои имаат потреба и желба да ја прошират ваквата соработка, тоа и ќе го сторат, истакна министерот Спасовски.

Како што рече Спасовски, трендот на илегални преминувања преку западнобалканската и јадранската подрута се уште е активен и во тек. Состојбата на грчко-турската граница, потенцира тој, бележи зголемување на бројот на илегални преминувања.

Со цел ефикасно справување со феноменот на илегална миграција, министерот ја нагласи важноста од развивањето и зајакнувањето на меѓународната соработка, како приоритет врз основа на кој се надградува безбедносната и политичката стабилност на државите.

– Клучна активност во борбата против актуелните безбедносни предизвици и тенденции претставува напредокот во реализирањето на меѓусебната соработка и продлабочувањето на довербата, како клучен предуслов за успешно справување со илегалната миграција и криумчарењето мигранти на регионално и меѓународно ниво, со што се потврдува нашата подготвеност за создавање услови за поволен политички и безбедносен амбиент за постигнување на овој напредок, оцени министерот Спасовски.

Во тој контекст, наведе тој, се понагласена е потребата од покоординирана и сеопфатна соработка на оперативно ниво или уште подобро, како што рече, на потребата од заеднички пристап помеѓу сите засегнати држави, надлежните агенции на ЕУ и Европската комисија со поддршка на релевантни меѓународни организации во рамки на нивните надлежности.

Според него, заедничкиот пристап подразбира не само редовна размена на податоци и информации, туку и заедничка анализа на ризик, координирање на националните активности, но и реализација на заеднички оперативни активности.

Министерот Спасовски забележа дека очекувањата се во рамки на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, уште еднаш да може да се осврнат на квалитативните и квантитативните аспекти на регионалната соработка, од што ќе произлезат заклучоци кои во иднина ќе претставуваат добра основа за дефинирање и менаџирање на оваа соработка заради постигнување на потребните ефекти и заштита во областа на илегалната миграција и прекуграничниот криминал, како и во борбата против организираниот криминал и тероризмот.

На состанокот на Конвенцијата се обрати и министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, која ќе има билатерална средба со Спасовски, со цел натамошно унапредување на меѓусебната соработка.

Преку видео порака на собирот се обрати и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Спасовски изрази особена благодарност до Карл Лесјак, раководителот на Секретаријатот на Конвенцијата за полициска соработка и му честита за назначувањето на оваа позиција.

Претходно, Спасовски изрази благодарност и почит до бугарските власти, кои и натаму посветено работат на утврдување на деталите околу трагичниот настан со автобусот на „Беса транс“ од пред една недела во кој животот го загубија 45 државјани на Република Северна Македонија и кои покажаа особено пријателство и добрососедство во деновите по несреќата.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шахпаска: Предлог-граѓанскиот буџет на МТСП за 2022 година изнесува 50,6 милијарди денари

НАЈНОВО

ДИК: Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто

October 19, 2025
Скриншот

Нетанјаху и шефовите на безбедноста на итен состанок за Газа

October 19, 2025
Фото: Скриншот

Доналд Трамп го нарече колумбискиот претседател „шверцер на дрога“ и најави намалување на помошта

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk