ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Kонференција „Авении на соработка“: Кон презамислена регионална припадност

Конференцијата е дел од посложена проектна иницијатива која има за цел, преку комбиниран пристап на истражување и застапување да изнајде решение за културниот конфликт помеѓу македонската и бугарската држава, да го разбере конфликтот, да понуди можни решенија за него, и да изгради мостови на соработка на академската и граѓанската заедница која ќе придонесе за одржливо надминување на конкретниот проблем.

December 1, 2021 15:44
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, во соработка со, и поддршка од Visegrad Fund, Balkan Trust for Democracy – USAID и Музејот на современа уметност – Скопје, ќе организира голема конференција Авении на соработка: кон презамислена регионална припадност, што ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември 2021 година.

Конференцијата е дел од посложена проектна иницијатива која има за цел, преку комбиниран пристап на истражување и застапување да изнајде решение за културниот конфликт помеѓу македонската и бугарската држава, да го разбере конфликтот, да понуди можни решенија за него, и да изгради мостови на соработка на академската и граѓанската заедница која ќе придонесе за одржливо надминување на конкретниот проблем. Притоа, имајќи предвид дека културните конфликти поврзани со наративите за градење на нацијата, каков што македонско-бугарскиот конфликт несомнено може да се решат во рамките на современата политика и нејзините средства за решавање на културните конфликти, а не единствено во рамки на историографијата. Проектната иницијатива има за цел преку вклучување на научници и јавни интелектуалци од трети, но информирани и засегнати држави, преку отворена дебата и дискусија за можни решенија и кршење табуа во врска со историјата, да изгради модел на наратив кој може да послужи како план за решавање на самиот спор.

Оттука, надоврзувајќи се на искуството на Вишеградските држави, и начинот на кој тие ги третираат нивните недоразбирања за историјата и културното наследство, но и сознанијата произлезени од решението на спорот меѓу Северна Македонија и Грција, конференцијата „Авении на соработка“ се обидува да, од една страна, понуди модел за решавање на идентитетските спорови, со фокус на македонско-бугарскиот конфликт, но и да се вклучат граѓански организации/експертски организации кои ќе помогнат да се отвори теренот за конструктивна дискусија и создавање на поширок европски дијалог, од друга страна. Покрај тоа, заедно со конференцијата ќе се одржи и македонско-бугарска панел дискусија со научници и експерти за политики/застапување на која ќе се дискутира напредокот во надминување на ќорсокакот меѓу двете земји и одблокирање на процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ, средовековното наследство на Царот Самоил, но и имплементацијата на договорот од Преспа, особено во областа на младинските политики.

На настанот свои обраќања ќе имаат: Габор Егри, Костас Дузинас, Марта Шпала, Михал Вит, Стефан Дечев, Спасимир Домараџки, Катерина Колозова, Атанас Шарков, Румен Даскалов и Методија Стојчески. Се очекува и присуство на претставници на најрелевантните македонски институции, меѓународниот дипломатски кор, експерти од земјата и странство, претставници на граѓанскиот сектор и други. Сесиите отворени за јавноста ќе се одржат во Музејот на современа уметност во Скопје.

 

Next Post
Фото: МИА

Регистрирани 410 нови случаи од Ковид-19, оздравени се 290, починале 10 лица

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk