ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Истражување: Процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација

December 2, 2021 12:05
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Мета

Фото: Мета

Share on FacebookShare on Twitter

 Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем “Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15. Јануари 2021-ва) до 30. Септември 2021-ва. Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779,558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1,106,566 невакцинирани испитаници. Ова истражување го предводеше д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во дадениот период 41.33% биле вакцинирани со бар една доза, од кои повеќето (37.78%) биле целосно вакцинирани со две дози. Најголем дел од испитаниците ја примиле вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech и вакцината CoronaVac на производителот Sinovac. Бројот на испитаници кои примиле една односно две дози вакцина е даден во Табела 1.

Вакцина Примиле

една доза

Примиле

две дози

Вкупно
BNT162b2

(Pfizer/BioNTech)

33,200

(11.120%)

265,374

(88.880%)

298,574

(38.300%)

CoronaVac

(Sinovac)

21,464

(8.848%)

221,121

(91.152%)

242,585

(31.118%)

BBIBP-CorV

(Sinopharm)

800

(0.534%)

149,046

(99.466%)

149,846

(19.222%)

ChAdOx1-S

(AstraZeneca)

11,282

(17.159%)

54,468

(82.841%)

65,750

(8.434%)

Gam-COVID-Vac

(Gamaleya Institute)

203

(0.890%)

22,600

(99.110%)

22,803

(2.925%)

Вкупно 66,949 (8.588%) 712,609 (91.412%) 779,558

Ефективноста на вакцините во спречување хоспитализација од КОВИД-19

 Вкупно 30,136 лица биле хоспитализирани од КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во Р.С. Македонија (26.02.2020) до 30.09.2021, од кои 6,542 починале (21.708% од хоспитализираните). Просечната возраст на хоспитализираните изнесувала 61 година а 56.5% од нив биле мажи. Од хоспитализација до смрт поминувале во просек 14.8 дена а половина од испитаниците умреле во рок од 8 дена по хоспитализација.

За процената на вакциналната ефективност, сите оние кои биле хоспитализирани пред да бидат вакцинирани со прва доза беа класифицирани како невакцинирани случаи бидејќи не биле изложени на вакцинација пред да бидат хоспитализирани.

Од 15.01.2021 до 30.09.2021, од вкупно 16,691 хоспитализации, 1,114 биле регистрирани по вакцинација кај 701,148 целосно вакцинирани (0.159%), додека 15,577 хоспитализации биле регистрирани кај 1,119,139 невакцинирани (1.391%). Грубата процена на ефективноста на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 88.727% (95% интервали на доверба (ИД): 88.017- 89.400%).

Постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените. Поради тоа што популацијата вакцинирани беше во просек речиси 10 години постара од популацијата невакцинирани и затоа што вакцините од различни производители се нудени на различни возрасни групи, процената на ефективноста беше коригирана за пол и возрасни групи (граѓани од 65 години нагоре наспрема помлади од 65 години). Со тоа, коригираната ефективност на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 90.604% (95% ИД: 90.018- 91.166%), а засебната коригирана ефективност по вакцина од различен производител е дадена во Табела 2.

Две дози од КОВИД-19 вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech покажа највисока ефективност во спречување хоспитализација, следена од вакцината ChAdOx1-S (производител: AstraZeneca) и вакцината CoronaVac (производител Sinovac), сите со ефективност над 92%. Вакцините  BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но се уште имаа висока ефективност, над 80%.

Вакцина Коригирана ефективност 95% ИД
ChAdOx1-S

(AstraZeneca)

94.07% [92.839-95.141%]
CoronaVac

(Sinovac)

92.53% [91.552-93.436%]
Gam-COVID-Vac (Gamaleya Institute) 80.22% [74.606-84.938%]
BNT162b2

(Pfizer/BioNTech)

97.58% [96.995-98.087%]
BBIBP-CorV

(Sinopharm)

81.04% [79.466-82.523%]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во анализа на 65,837 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување хоспитализација од КОВИД-19 и по корекција за пол и возрасни групи изнесуваше 40.918% (95% ИД: 35.912- 45.644).

Ефективноста на вакцините во спречување смрт од КОВИД-19

 Во периодот од 01.01.2020 до 30.09.2021 умреле вкупно 42,970 од 1,886,124 испитаници на возраст од ≥11 години. Од овие, 17,823 смртни случаи се регистрирани во периодот на следење на студијата, од кои 3,947 биле смрт од регистрирана КОВИД-19 (22.145%). Просечната возраст на умрените од КОВИД-19 изнесувала 70 години, половина од умрените биле под 71 година, најмладиот починат бил на 15 години а најстариот на 99 години.

Од вкупно 3,947 регистрирани смртни случаи на КОВИД-19 во периодот 15.01.2021-30.09.2021, само 179 смртни случаи беа регистрирани кај 712,587 индивидуи кои биле целосно вакцинирани (0.0251%), додека 3,642 смртни случаи беа регистрирани кај 1,106,574 индивидуи кои биле невакцинирани (0.329%). Со тоа, грубата процена на ефективноста на две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 92.39% (95% ИД: 91.159- 93.486%).

Постарата возраст и машкиот пол значително влијаеа и врз ризикот од смрт од КОВИД-19, при што оние на возраст од 65 години и нагоре имаа речиси двојно поголем ризик од смрт од КОВИД-19, а мажите имаа околу 28% поголем ризик од жените да починат од КОВИД-19. По коригирањето за пол и возраст, ефективноста на примени две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 94.064% (95% ИД: 93.661- 94.448%). Засебната коригирана ефективност на вакцините од различен производител е дадена во Табела 3.

Вакцина Коригирана ефективност 95% ИД
ChAdOx1-S

(AstraZeneca)

95.20% [94.399-95.919%]
CoronaVac

(Sinovac)

96.23% [95.589-96.798%]
Gam-COVID-Vac (Gamaleya Institute) 94.41% [91.299-96.664%]
BNT162b2

(Pfizer/BioNTech)

94.65% [93.735-95.477%]
BBIBP-CorV

(Sinopharm)

91.05% [90.21-91.844%]

 

Табела 3. Коригираната поединечна вакцинална ефективност во спречување смрт од КОВИД-19  кај целосно вакцинирани со две дози.

 

Сите вакцини покажаа висока ефективност, над 91%, во спречување смрт од КОВИД-19. За разлика од претходната анализа во спречување хоспитализација, вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа многу мала разлика во пружањето заштита од смрт од КОВИД-19 споредбено со останатите вакцини. Вакцината BBIBP-CorV (производител Sinopharm) имаше малку пониска ефективност од останатите вакцини во спречување смрт од КОВИД-19, која е незначителна.

Во анализа на 66,942 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, која коригирана за пол и возрасни групи изнесуваше 39.140% (95% ИД: 34.476- 43.562)

Заклучок

Овие резултати ги потврдуваат наодите во останатите популации, потврдувајќи дека вакцините против КОВИД-19 се високо ефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт од КОВИД-19. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација од КОВИД-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

Ова се првични, прелиминарни резултати, кои се дел од тековно истражување на вакциналната ефективност во македонската популација. Овие процени на ефективноста на популационо ниво се блиски до процените добиени преку дополнителни анализи во склоп на истражувањето, спроведени преку вгнездена студија на случаи и контроли со тест-негативен дизајн, кои имаат за цел да ја минимизираат пристрасноста и да го исклучат ефектот кој би го имале граѓаните кои се регистрирани во “Мој Термин” а кои не живеат во Р. С. Македонија.

Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија (Р.С. Македонија). Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk