ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Национална кампања за подигање на јавната свест „Ставете нè на вашиот ѕид“

December 3, 2021 11:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, три проекти финансирани од Европската Унија во Северна Македонија, кои во моментов го поддржуваат воспоставувањето на социјални услуги во заедницата и спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација, заедно ја спроведуваат кампањата за подигнување на јавната свест „Ставете нѐ на вашиот ѕид”.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележува веќе 29 години, од далечната 1992, со идеја да ги промовира, но и да не потсети на правата и благосостојбата на лицата со попреченост во сите сфери на општеството и да ја зголеми свеста за состојбата на лицата со попреченост во секој аспект од политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

Се смета дека, на глобално ниво, повеќе од 1 милијарда луѓе живеат со некаква попреченост. Тоа значи дека 1 од секои 7 лица има попреченост. Генерално, тие имаат послабо здравје, пониски образовни достигнувања, помалку економски можности и повисоки стапки на сиромаштија од луѓето без попреченост. Ова во голема мера се должи на недостигот на достапни услуги (како информатичката и комуникациската технологија (ИКТ), правдата или транспортот) и многуте пречки со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а се во различни форми, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на физичката средина, или оние кои произлегуваат од законодавството или политиката, или од општествените ставови или дискриминација.

Нашите заеднички напори годинава се насочени подигање на јавната свест за т.н. „невидливи“ попреченост. Не сите попречености се надворешно видливи или лесно препознатливи. Според американското Здружение на невидливи попречености, едноставно кажано невидливата попреченост е физичка, ментална или невролошка состојба која не е видлива однадвор, но сепак може да ги ограничи движењата, сетилата или активностите на една личност. За жал, самиот факт дека овие симптоми се невидливи може да доведе до недоразбирања, лажни сфаќања и пресуди од околината.

Како невидливи попречености се сметаат аутизам, хронична болка и тешкотии во учењето, како и состојби на ментално здравје, мобилност, говорни оштетувања и сензорна загуба како што се губење на видот, оштетување на слухот или глувост. Респираторни состојби како астма, хронични состојби како што се дијабетес, хронична болка и нарушувања на спиењето, кога значително влијаат на секојдневниот живот, се сметаат за невидливи попречености.

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, заедно со проектите „Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење – ОАСИС“ и „Добивање живот – Деинституционализација на корисниците на Специјалниот завод Демир Капија – ПИН“ за кампањата соработуваше со уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула. Неговите дизајни во стилизирана форма отсликуваат неколку состојби на невидлива попреченост (дислексија, аутизам, биполарно растројство, Даунов синдром, дијабетес кај деца, наглувост).



Креативните и прекрасни дизајни се слободни за користење во електронска форма или сами да ги отпечатите. Доколку сакате да ги прочитате нашите пораки и да ги симнете постерите кликнете овде.

Луѓето кои живеат со невидливи попречености често се соочуваат со бариери во нивниот секојдневен живот, вклучувајќи недостаток на разбирање и негативни ставови. Тие, исто така, се една од најпогодените популации од пандемијата на КОВИД-19.

Искористете ја можноста сите да преземеме акција за да го направиме нашиот свет по инклузивен за секого!

Next Post

Јанкуловски: Што има Денис со лицата со попреченост, кого има и со што?

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk