ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Партијата е отворена за сите, не поддржувам задкулисни партиски крила и струи

December 6, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Првите чекори мораме да ги направиме во партијата. СДСМ постои за граѓаните и работи пред се за доброто на општеството и јавниот интерес. Промените почнуваат од секој поединец, а јасно дека е промени мора да правиме“, во објава на Фејсбук истакнува кадидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој нагласува дека партијата е отворена за сите, дека е човек кој не поддржува задкулисни партиски крила и струи и тоа не треба да ја одзема енергијата во работењето.

„Сите имаме иста цел, партијата да ги реализира ветувањата, да работи и го унапредува животот на граѓаните а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме.

Го истакнувам ова затоа што партијата е организација чие добро функционирање зависи од придонесот на секој член. Само заеднички, организирано и со јасно поделени одговорности и задачи, СДСМ може да биде силна е исполнителна.

СДСМ мора да ги продолжи одличните социјални политики, покачувањето на минималната и просечната плата. Но, треба уште повеќе да зборуваме за решенија на проблемите за кои граѓаните зборуваат со семејствата, пријателите и кои им го отежнуваат секојдневнието. Партијата која владее треба да биде во постојан контакт со реалните проблеми и на истите да има одговори.

СДСМ треба да продолжи да се менува и реорганизира согласно најновите потреби, трендови и очекувања на членовите и граѓаните. Овие демократски капацитети потребно е да продолжат да се развиваат на сите нивоа во партијата, односно да се креира нов консултативен систем преку кој сите стратешки политики, програмски концепти, политики на локално ниво и останати мерки ќе бидат креирани во рамки на сите нивоа во партијата, со членството.

Процесот на целосно отфрлање на клиентелизмот дефинитивно е предизвик и цел на што СДСМ мора сериозно да работи заради напредок и трансформација на целокупното општество.

Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Членовите на највисоките раководства во рамки на општинските организации ќе бидат вклучени во рамки на дебатите за политики кои се одвиваат во рамки на партијата.

Реактивирање на централниот систем на комисии на СДСМ е неопходно и клучно бидејќи претставува сериозен механизам за стручно ангажирање и отварање на партијата кон многу професионалци од различни области и сегменти на општеството. Овој систем на комисии ќе претставуваат клучна алатка во креирање политики за секоја област посебно“, пишува Ковачевски.

 

Next Post

(ВИДЕО) Свастики стануваат цветови: „Денес, јас не сум тој човек“ - отстрануваат расистички тетоважи

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk