Брајан Никозија му се придружил на Ариевското братство додека служел во Казнено-поправниот дом во Јужен Охајо. Како член, тој добил две тетоважи во знак на сеќавање на неговото воздигнување низ редовите на братството, железен крст со две молњи на десната подлактица и буквите А и Б, проследени со пет свастики, на неговото лево рамо, пишува Вајс.
Никозија вели дека го направил она што морал да го направи за да остане жив зад решетки, но целосно се оградил од Братството веднаш штом бил ослободен во 2018 година. Сега, тој сака „потсетникот“ да биде исклучен од неговото тело.
„Кога ќе одам кај мојот пријател за да се дружиме, кој ќе сака да го види тоа? рече Никозија, 37-годишен работник во челичарница од Стубенвил, Охајо.
„Кога нивните деца сакаат да играат кошарка со мене или кога сакаат да одат на базен, ќе ме прашаат: „О, што значи ова? Што значи тоа?“ Тоа е искуство што ви ги отвора очите кога имате деца и тоа ќе ве прашаат. Тоа е вистинско будење“.
Никозија знаел дека сака да се ослободи од тетоважите кога бил ослободен, но обидот да застане на нозе по затворот го спречил да го приоритизира овој голем чекор. Но, по неколкумесечни протести за смртта на Џорџ Флојд, Бреона Тејлор и другите црни и кафени Американци убиени од полицијата, со помош на неговата свршеница, тој конечно реши да го исполни својот план. Тој работи со колегата од Охајо и уметник за тетоважи Били Вајт, кој е специјализиран за ваков вид на работа.
Никозија е само еден од неодамнешните клиенти на Вајт кои се надеваат дека ќе ги прикријат тетоважите од омраза што некогаш гордо ги прикажувале на нивните тела. Во последните неколку месеци, неговата продавница, Red Rose Tattoo во Зенесвил, Охајо, забележала скок од 20% кај луѓето кои бараат прикривање на расистички тетоважи. Низ целата земја, уметниците за тетоважи како Вајт, специјалистите за ласерско отстранување и застапниците против говорот на омраза велат дека добиле поплава од барања за измени на нивните тетоважи, особено оние на кои стои знамето на Конфедерацијата.
Вајт вели дека е навикнат луѓето да прашуваат за отстранување на кукасти крстови и друга иконографија поврзана со ариевските верувања. Но, порастот на барањата за знамето на Конфедерацијата е нов тренд.
„Оди во затвор, не ми е гајле кој си, од каде си, каква култура си, ќе влезеш таму каде што се вклопуваш“, рече тој. „Ако не, ќе ве изедат живи“, вели Никозија.
„Денес јас не сум тој човек. Работам напорно. Имам убава свршеница. Ја сакам мојата заедница. Се обидувам да вратам. Се трудам да ја направам вистинската работа“.
Вајт се занимава со уметност за тетоважи 16 години и почнал да прави бесплатно отстранување во 2017 година, а во тие три години, неговата работа за прикривање стана исто толку популарна како и неговата работа со тетоважи, тој сега има над 48.000 следбеници на Инстаграм.
Кори Флајшер, 39-годишен, е човек кој им помага на реформираните луѓе да се ослободат од нивните тетоважи. Тој раководи со „Erasing Hate“, бренд на социјалните мрежи посветен на разоткривање и уништување на говорот на омраза и расизмот во сите облици. Иако Флејшер не ги прикрива или отстранува сам, тој ја користи својата платформа за да ги поврзе луѓето кои се срамат од нивните расистички тетоважи со способни уметници кои ја поддржуваат каузата и се подготвени да ја завршат работата „про боно“.
Откако пред една година протестите против полициската бруталност почнаа да ги погодуваат градовите во САД, тој забележа значителен скок кај луѓето кои прашуваа за отстранување и прикривање на тетоважи.
Флејшер започнал со отстранување на расистички графити, и документирање на работата преку малата компанија што ја поседувал пред повеќе од 10 години. Сега, неговиот бренд има над 123.000 следбеници на Инстаграм и има над 200 милиони гледачи на Фејсбук. Минатата година, тој основал истоимена непрофитна организација посветена на истата мисија.
„Се сеќавам дека првиот пат кога отстранив парче омраза, чувството што го добив ме натера да полудам“, рече тој за графитите. „Тоа беше ова лудо еуфорично чувство. И така после тоа, ја започнав потерата“.
Флејшер вели дека иницијативата е победничка ситуација на луѓето кои доживеале промена на срцето мора да им се промени и мастилото.
Removery, исто така, нуди бесплатно отстранување за жртвите на трговија со луѓе, ново ослободените затвореници и реформираните членови на банди, покрај луѓето со расистички тетоважи за кои жалат.
Движењето за отстранување на тетоважите од омраза брзо станува меѓусебно поврзана мрежа. Преку социјалните мрежи, Removery, Fleisher и White се вкрстија, заедно со десетици други уметници, активисти и ласерски техничари ширум светот.
„Само мислевме дека ќе има повеќе смисла ако работиме заедно. На тој начин би можеле да им помогнеме на повеќе луѓе“, рече Вајт.
Флејшер и Вајт, моментално работат заедно на дигитална база на податоци на уметници од цела Америка и Канада кои се подготвени да прават прикривања про боно. Дуото ги проверува уметниците за да се увери дека се доволно вешти за квалитетна работа, и дека не се обидуваат да им помогнат на вистинските фанатици и бели врховисти да се сокријат во сенка.
За луѓето како Никозија, чие прикривање сè уште е во тек, можноста за покривање на овие тетоважи означува нов почеток.
„Се чувствувам благословен, се чувствувам надежен“, рече тој. „Мојата свршеничка беше во солзи кога се прикривав затоа што знае колку ми значи тоа. Тоа е многу емотивно искуство. Се чувствува како трансформација“.
Миткоска Марија