ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Ниту една казна за труење диво животно, спасени 18 белоглави мршојадци

December 6, 2021 14:25
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПРАВДА
Белоглав мршојадец, Фото: МЕД

Белоглав мршојадец, Фото: МЕД

Share on FacebookShare on Twitter

Ниту еден случај на труење на диво животно во земјава досега не завршил со казнување на сторителот. Казна не е изречена ниту ако животното е заштитено или во опасност од исчезнување. Незаконското користење отров и понатаму претставува најголемата закана за опстанокот на мршојадците не само во С. Македонија туку и на целиот Балкански полуостров, а неказнувањето е една од најголемите причини што овие активности многу тешко се спречуваат. Проценката е дека во последните 20 години на Балканот настрадале околу 2300 мршојадци. Кај нас оваа пракса доведе до целосно истребување на црниот и брадестиот мршојадец, а египетскиот и белоглавиот мршојадец се сведени на само неколку гнездечки пара.

Последниот случај со труењето на кучиња во мариовското село Витолиште, минатата недела, за среќа заврши без кобни последици за малата колонија на белоглави мршојадци. На ниту една од 18 птици, кои во тој момент биле на оваа локација, не ѝ било дозволено да се приближи до отровните мрши, благодарение на навремената реакција на Македонското еколошко друштво, локалното население и полицијата. За случајот е отворена истрага и поднесена е кривична пријава, засега против непознат сторител.

„Во земјава имаме само осум гнездечки парови белоглав мршојадец. Во групата од 18 спасени птици веројатно имало и српски и бугарски мршојадци. Доколку се случеше труењето, нивната популација во земјава ќе беше функционално уништена“, вели Ненад Петровски од МЕД.

Случајот до нив бил пријавен од локалното население, а тоа, според Петровски, е благодарение на постојаните обуки и едукации кои ги прават. Било констатирено дека два белоглави мршојадци опремени со GPS предаватели, кои МЕД постојано ги следи во рамки на проектот BalkanDetox Life, биле токму во околината на Витолиште блиску до расфрлениот отров. Имајќи на ум дека белоглавите мршојадци се социјални птици кои речиси постојано летаат во јато, реалната бројка била многу поголема од две.

„Доколку овие птици стигнеа до отруените животни можевме да се соочиме со комплетно истребување на овие птици од нашата држава. За среќа, наидовме на разбирање од страна на локалната гранична полиција кои беа известени за катастрофата која може да се случи и веднаш беше испратена екипа на локацијата“, посочуваат од МЕД.

Птиците биле разбркани со сирените од полициските возила, а со поддршка од Општина Прилеп, на терен излегла и увидна екипа од МВР како и комунален инспектор, со цел да се спроведе истрага за настанот и да се преземат соодветни мерки за расчистување на случајот. Направена е и обиколка на теренот и за среќа не биле најдени отруени диви животни.

„Покрај овој случај на труење во Мариово, неодамна добивме информација и за расфрлан отров во селото Бошава, кај Витачево. Интересно е што токму во овие села сме имале неколку обуки за локалното население за опасноста од оваа активност, не само за дивите животни, туку и за луѓето. Очигледно едукацијата ја исполнила целта и не мотивира да продолжиме и во иднина. Сепак, оваа појава нема да се искорени доколку не започне и казнување на сторителите. Нема да дозволиме овој случај да помине така. Во земјава нема ниту една казна за труење диво животно, ниту пак за труење заштитени видови“, вели Петровски.

Во земјава, најчесто како сретство за труење на животни се користи метомил, многу опасен пестицид, кој одамна е забранет за употреба, но сепак се наоѓа на црниот пазар. Македонското еколошко друштво веќе подолго време работи на овој проблем во рамки на проектот BalkanDetox Life заедно со релевантните државни институции на градење на капацитетите на институциите и подигање на јавната свест, едукација на локалното население и предлагање мерки за минимизирање на конфликтите со дивите животни во руралните заедници.

извор: МЕТА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk