Заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар јасно кажа дека приоритет на САД за Балканот е интеграција на Албанија и Северна Македонија во ЕУ. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за Утрински брифинг, вели дека јасна е неговата порака и дека Американците се важен фактор и во регионот, но и се главен партнер на Европа во контекст на НАТО и се разбира дека Вашингтон има влијание.
-Регионот е прилично разнишан. Ескобар вели дека кај нас се прекршува инструментот на проширувањето – дали е тој реален или не е реален, вели Димитров и додава оти Ескобар при разговорите истакнал дека Македонија е кредибилен партнер и дека САД можат да помогнат.
Мислам дека мораме да учиме од искуството, оти ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори. Мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме лажна надеж. Ескобар вели дека сега влогот станува преголем. Ако нема преговори за интеграција, пораката е џабе решавате проблеми и тоа е многу сериозно за регионот, објаснува Димитров.