ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

December 7, 2021 11:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот договор со Алтернатива со којшто се обезбеди стабилно мнозинство во Собранието и стабилна Влада со влезот на оваа партија во извршната власт.

Премиерот Заев ги запозна лидерите од коалицијата со деталите од договорот со Алтернатива, како и со содржината на документот Основни начела за надградба на програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија кој треба да се допрецизира и појасни со цел да стане составен дел од новата владина програма.

На средбата од страна на премиерот беше презентирано и дека договорот со Алтернатива за зајакнување на парламентарното мнозинство и на Владата значи дека новата проширена коалиција ја презема одговорноста за сигурна иднина и на државата и на граѓаните.

Заев додаде дека во овие моменти кога најважно е функционирањето на институциите со полн капацитет постигнатиот договор е гаранција дека имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за сериозните актуелни предизвици како што се обезбедувањето континуитет и успешен епилог на процесот за почеток на преговори за членство во ЕУ, односно изнаоѓањето решение со Република Бугарија, понатаму, справувањето со КОВИД-19 пандемијата и се разбира глобалната енергетска криза.

Претседателот на Владата Заев информираше и за делот од договорот со кој Алтернатива презема одговорност за активностите во неколку министерства, институции или подрачни единици или одбори согласно претходно утврдени принципи за постигнување договор за проширување на мнозинството.

Целокупниот процес на одржување стабилност на централната власт во Северна Македонија и натаму ќе биде обезбедуван во духот на демократијата и заради стратешките цели на земјата, но и поради тоа што на граѓаните не им се потребни предвремени или вонредни парламентарни избори, туку стабилен период за остварување на приоритетите од владината програма, беше потенцирано на средбата од страна на премиерот Заев.

Next Post

(ВО ЖИВО) Презентација на новата инвестиција соларен парк „Стипион“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk