Митко Гогов
ние сме само дождовна баричка
во која небото си ги бара изгубените ѕвезди.
ги шутираме откорнатите лица како паднати сувенири
по патот да го откриеме сопственото созерцание,
забораваме – исчезнавме,
немаме ни потреба од нивно преродување.
шлапкаме во мечти,
водените чевли не потстетуваат дека прокиснавме
од сите страни. ѓоновите се океани, а тропотот наликува на лоша песна на жаби.
крекаме, во постојан дисхармоничен хаос,
иако допрва заминуваме онаму од кадешто одамна
пристигнавме.
чадорите се вештачки езера за птици. доволно е да ги
дувне ветрот од нашите раце.
Митко Гогов (1983) е македонски поет и концептуален уметник, родум од Струмица. Претседател е на здружението Контекст. Неговата поезија е објавена на повеќе јазици ширум светот.
Избор: Тања Кармзова Костиглиола