ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров од Берлин: Ако ЕУ се стреми да биде глобална сила, треба да го оствари своето влијание во Западниот Балкан

December 9, 2021 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“, односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во своето обраќање на годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), што се одржува денеска во Берлин.

Токму во овој регион, како што посочи Димитров, Унијата мора да оствари најголема влијание со оглед на силната врска од аспект на трговијата и финансиската помош, но и политичкото ветување за европската перспектива од Солун 2003 година.

Димитров нагласи дека регионот не е во добра форма и оти е разнишано европското ветување. Тој додаде дека е потребно ЕУ да се запраша дали амбицијата да направи разлика на глобалната сцена како играч е кредибилна, без првенствено да делува локално во реигонот.

Интервенцијата на вицепремиерот Димитров на дискусијата на која учествуваа шпанскиот МНР Хозе Мануел Албарес, европската комесарка Јута Урпилаинен и аналитичарот Иван Крастев, како што се наведува во соопштението од прес-службата на Секретаријатот за европски прашања, го сврте вниманието кон политиката на проширување на ЕУ и трансформативната моќ во таа смисла.

– Како член на оваа влијателна заедница, вицепремиерот Димитров го искористи неговото учество за да ја афирмира стратешката важност на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот од аспект на иднината на Европа, се вели во соопштението.

На состанокот, во текот на денот ќе се дискутира и за односите на Европа и Кина во контекст на иднината на глобалната трговија, на коишто теми меѓу другите учесници ќе се обратат шведската министерка Ан Линде и директорката на Европската комисија, Сабине Вејанд.

Состанокот на Европскиот совет за надворешни односи, што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата со цел формулирање на координирана и ефективна надворешна политика на Европа како одговор на современите предизвици.

Next Post

(ВИДЕО) Пендаровски на Самитот за демократија: Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk