ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска-Танги: Со социјалната реформа градиме социјална заштита според европски стандарди

December 9, 2021 19:50
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со пратеничката и заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција, Лилиана Танги и францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер.

На состанокот, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се разговарало за политиките што двете држави ги водат за спречување и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство, како и за поддршката што двете држави ја даваат за лицата со попреченост.

Министерката Шахпаска информирала дека со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, вградени се принципите од Истанбулската конвенција и се овозможува системски пристап во заштитата на жените и децата од насилство.

-Ова законско решение предвидува мултисекторски пристап на институциите, кои заедно со граѓанскиот сектор се од клучно значење за  препознавањето, превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително воспоставивме систем за реинтеграција на жртвите на насилство. Од ова законско решение произлезе и воспоставувањето на Националното координативно тело, чија работа ја координира МТСП и има задача да предлага мерки за унапредување на превенцијата и заштитата од насилството врз жените и семејното насилство,  но и да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа, нагласила министерката Шахпаска.​

Таа информирала за социјалната реформа, со која се воспоставија и нови услуги, како помош и нега во домот, одмена на семејната грижа, но и обезбедување на лични асистенти за лицата со попреченост од шест до 65 години.

Француската пратеничка Танги истакнала дека законските решенија и политики на двете земји имаат многу сличности и изрази задоволство од политиките што ги спроведува Северна Македонија во социјалната сфера. Преку конкретни примери Танги направила споредба за сличности во социјалната политика на двете земји.

Министерката Шахпаска оценила дека искуството на Франција е многу значајно за Република Северна Македонија.

Двете соговорнички разговарале и за деинституционализацијата и воспоставувањето на новите форми на живеење со поддршка, но и за новините во делот на породилното отсуство коишто се предвидени во работната верзија на системскиот закон за работни односи, со кој се предвидува и татковско отсуство.

Целта на неколкудневната посета на Танги во нашата земја е и нејзиното обраќање  во рамки на проектот TAIEX на Европската Унија, чија цел е зајакнување на меѓупарламентарната соработка која придонесува за процесот на европска интеграција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

Во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk