ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.

Во писмена изјава по гласањето Вајц посочи дека земјава е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи.

– Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ, вели Вајц во изјавата.

Тој посочува дека во Извештајот се нагласува оти проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува земјата да ги спроведе потребните реформи.

– Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ, вели Вајц.

Тој нагласува дека како известувач на ЕУ за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“.

– За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели, додава Вајц во изјавата.

Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

Со 458 гласа „за“, 109 „против“ и 118 „воздржани“ беше усвоен амандманот на тројцата европратеници за бришење на текстот „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет“ во членот 3 од Извештајот, со 453 гласа „за“, 120 „против“ и 109 „воздржани“ беше прифатен предлогот за бришење на воведниот дел од членот 7 која гласи „Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството и уставниот поредок на нацијата, но и од европските вредности, забележува дека европските институции, во извештаите за земјите и официјалните документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор…“, додека со 470 гласа „за“, 86 „против“ и 130 „воздржани“ беше одобрен и амандманот со кој се брише точката Л која требаше да гласи: „Со оглед дека ЕУ постојано го покажува своето признавање на македонскиот јазик и идентитет“.

Со 562 гласа „за“, 62 „против“ и 60 „воздржани“ беше усвоен и амандманот на грчкиот европратеник Константинос Арванитис со кој во членот 68 по зборовите „железничкиот коридор 8„ се додава „и 10“. Со 541 глас „за“, 97 „против“ и 82 „воздржани“ беше прифатен и амандманот на истиот европратеник со кој во членот 76 по зборовите „изградбата на Коридорот 8“ се додава „и Коридорот 10“.

Европратениците го прифатија и амандманот на словенечкиот европратеник Матеј Тонин од ЕП со кој во членот 56 зборовите „улогите на Унгарија и Србија“ се менуваат со „улогите на унгарската Влада и на српската Влада“, додека зборовите „кредитот од Унгарија“ се заменува со „кредитот од унгарската банка Ексимбанк“.

Останатите амандмани на Извештајот на Вајц беа одбиени од мнозинството европратеници.

Tags: ВајцЕПИзвештај
Next Post

Куманово во чад, неколку пожари на различни локации

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk