Видеото од роботот, познат како Амека, стана вирално на интернет. Ајана Хауард, декан на Колеџот за инженерство на Државниот универзитет во Охајо, вели за CNN дека луѓето можат да имаат корист од роботи слични на живот.
Овој робот само што не се разбудил.
Инженерот Вил Џексон, истакна дека причината поради која што се изработуваат ваков тип на роботи е за да имаат директна интеракција со луѓето. Затоа лицето е така направено.
Роботот Амека е со полови и расно неутрални карактеристики и е на продажба за 113.000 долари, но може да се изнајми за секакви пригоди.
View this post on Instagram
– Изгледа многу реалистично. Изгледа скоро како вистински човек, но со чудно пластично лице, вели Ајана Хауард. Има хуманоидни роботи кои што се доста способни за одење, кревање и извршување други слични обврски.
За ваквиот тип на роботи компанијата потрошила околу 2.6 милиони долари. Првично направени за забава, но овие роботи имаат широк спектар на употреба.
– Замислете робот, кој има карактеристики на психо-терапевт, кој може да му помогне на човек со слични способности. Може да работи во киоск, на аеродром, или само да биде некој со кој ќе може да разговарате, истакна Хауард. Мислам дека ќе уживаме со ваков робот, додава Хауард.
Марија Миткоска