ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

December 9, 2021 13:45
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пренесуваме текст на Вистиномер.мк за една сатирична објава, за која многу корисници на социјалните мрежи помислиле дека станува збор за вистинска вест:

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една кеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни кеси за вакцинираните граѓани против ковид-19. Трети ја критикуваа владата и Министерството за наводно глупавата мерка.

Во текстот објавен на 1 декември пишува дека проектот е наречен „Пазарам вакциниран” и дека со него ќе се зголеми интересот за вакцинација, откако цената на кесите во маркетите порасна на 15 денари. Во текстот има лажна информација дека 50 кеси ќе се доделуваат на секое лице кое ќе се вакцинира против коронавирусот.

Во текстот има и лажна изјава од Министерството за здравство, која никогаш не била дадена и гласи:

Сметаме дека мерката во голем степен ќе ја зголеми мотивацијата на граѓаните да се вакцинираат, порачуваат од Министерството за здравство додавајќи дека разгледуваат и други опции за мотивирање на граѓаните да се имунизираат против ковид-19.

Од Министерството за здравство демантираат дека дале таква изјава. Оттаму посочуваат дека информацијата е лажна.

Не, МЗ не дава 50 бесплатни кеси на вакцинираните, изјавија од МЗ за Вистиномер.

Хумористичните вести треба да се објавуваат со напомена и со ознака, за да не се создава забуна кај јавноста. Граѓани во коментарите се прашуваат дали ова е вистина или не. На сајтот Ретровизор, најдолу во дисклејмер пишува дека станува збор за интернет магазин за сатира. Вестите објавени во Ретровизор се измислени. Нивната намера не е да омаловажат или да навредат. Нивната цел е да бидат читани, да критикуваат и да ве насмеат, пишува на страницата. За жал, од коментарите под постот евидентно е дека малкумина ја сфатиле шегата.

Оценуваме дека постот во кој се вели дека Министерството за здравство ќе доделува или доделува 50 бесплатни кеси за пазарење за вакцинираните граѓани како мерка за стимулација на вакциналниот опфат е сатирична.

На последната владина седница, донесена беше одлука секој матичен лекар кој ќе има 70 проценти од прикрепените пациенти целосно вакцинирани, да добие 30 денари финансиски надомест по пациент. Тоа е последната мотивациска стимулативна мерка донесена во контекст на ковид-19 и вакцинацијата во земјава. Мерката невакцинираните административци да прават ПЦР тест еднаш неделно за да влезат на работните места нема да се спроведе, откако владата се откажа од неа поради тешката реализација и задирањето во основните човекови права, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Промените во Грција околу сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 се однесуваат и на туристите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk