ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Бракот на Марија Браун“ на сцена во Струмичкиот театар

December 10, 2021 18:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

По цели десет месеци откако ја прекинаа работата во знак на протест, незадоволни од изборот на директор  за кој сметаа дека нема соодветно образование  за нивната институција, драмскиот ансамбл на центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица најави премиера на нова претстава. Струмичките актери повторно се вратија на сцена со „Бракот на Марија Браун“.

Претставата која премиерно ќе се одржи вечер (9 декември) и која беше целосно распродадена, ќе може да се види и утревечер на малата сцена со почеток во 20 часот. Претставата „Бракот на Марија Браун“, работена по истоимениот филм на Рајнер Вернер Фасбиндер, е во режија на Драгана Таневска, сценографијата е на Борис Делчев, гостин од Бугарија, костимографијата е на Ванчо Василев, а музиката на Огнен Давитковски и Бојан Поповски.

Насловната улога и е доверена на Анкица Бенинова, улогата на мајката ја игра  Ангелина Тренчева Ангеловска, додека улогата на Херман Браун е доверена на Горан Ников. Во други улоги настапуваат Коста Ангов , Јулија Милкова, Игор Тодоров , Танкица Стојанова. Свое деби на сцената на Струмичкиот театар ќе има и младиот актер Саше Урдовски.

„Бракот на Марија Браун“ е женска приказна за крајот на Втората светска војна и мирот што следува потоа. Човековата душа не секогаш е во склад со општеството и промените што тоа ги носи. Приказната е заснована на два контрапункта, војната како симбол на уништување и жената како симбол на создавање. Направивме прочит на филмот на култниот германски режисер Рајнер Вернер Фасбиндер, кој многу ретко се поставува на македонската театарска сцена“,  вели режисерката Драгана Таневска.

 

Новиот в.д. директор на НУЦК „Антон Панов“ Струмица, Слободан Ѓошиќ, најавува и други претстави. „Во тек се и подготовките за новата премиера ‘Паника во Палас’ во режија на Коле Ангеловски, која публиката ќе има можност да ја види кон крајот на јануари, почетокот на февруари 2022 година. Во меѓувреме се работи и на враќање на стариот репертоар на театарот. Во секој случај театарскиот ансамбл се враќа на сцената“, вели Ѓошиќ.

Next Post

„Метаморфоза“ – изложба на Бојан Ковски во МКЦ

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk