ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Доколку и претходните влади инвестираа во енергетскиот сектор, немаше да имаме криза

December 11, 2021 19:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Годините неинвестирање во енергетскиот сектор во земјава излегуваат на виделина со енергетската криза која ја зафати целата Европа.  Доколку во изминатите 30 години, наместо во барок, споменици и за непродуктивни трошоци се инвестираше во енергетиката и за засилување на еколошкто производство на струја, денешната ситуација ќе беше многу поинаква.

По доаѓањето на власт на СДСМ, Северна Македонија го започна процесот на преминување на производството на електрична енергија од јаглен на еколошки извори. Со големите инвестиции во фотоволтаици и ветерници, земјава ќе има алтернатива и зголемено производство, но инвестициите во енергетскиот сектор плодот не го даваат веднаш.

Долгогодишното запоставување на енергетскиот систем, на сметка на бизнис интересите на одредени структури, плодот го даваат во овој период. Доколку сите влади досега инвестираа во енергетиката како оваа, тогаш земјава веќе ќе имаше готово енергетски капацитети и ќе можеше да ја искористи енергетската криза, дури и за извоз на електрична енергија.

Сепак инвестициите во фотоволтаиците, ветерниците и чистата енергија остануваат во втор план оваа зима, бидејќи потребно е итно зголемување на производстовот на електрична енергија од постоечките капацитети со цел задоволување на побарувачката.

Со цел избегнување на пострашна енергетска криза, Северна Македонија договори набавка на три милиони тони јаглен годишно од Косово, со цел задоволување на потребите на домашните термоелектрани.

Министерот за економија, Крешник Бектеши со неговата колешка од Косово Артане Ризваноли договорија Меморандум за разбирање меѓу двете држави, со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство на струја од домашнтие капацитети.

На овој начин, земјава ќе се спаси од набавка на далеку поскапа електрична енергија од светските и европските берзи и ќе може со пониски цени да произведува електрична енергија. Со тоа на крајот ќе се ублажи ценовниот шок кој што го плаќаат граѓаните.

„Заинтересирани сме да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија. На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји. Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија“ истакна министерот Бектеши.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кос: Србија мора да докаже дека заслужува членство во ЕУ

July 21, 2025

Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје

July 21, 2025
Фото: МИА

До сабота сончево и многу топло, дневната температура над просекот за јули

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk