ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ист ден, ист датум, две спротивни постапки за избор на претседател кај двете најголеми македонски партии

СДСМ е првата партија во државата која воведе измени во својот статут, каде се предвидува избор на претседател со непосредно гласање на сите членови на партијата

December 11, 2021 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бојан Петрески

Бојан Петрески

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОЈАН ПЕТРЕСКИ

Случајно или не, на 12-ти декември, двете најголеми политички партии од македонскиот блок, ќе избираат претседател. По само месец и десетина дена од локалните избори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се решија да изберат свој партиски лидер, кој ќе ја има задачата дополнително да ги зајакне и зацврсти политичките партии и на кадровски, но и на програмски план. Постапките и организацијата привршуваат и епилогот ќе го имаме во недела навечер.

Заради тоа, неизбежно е да се направи една кратка анализа на постапките за избор на претседател во овие политички партии, со цел да им ги поедноставиме процесите на читателите.

Па така, на една страна ја имаме постапката за избор на претседател на партијата кај Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Оваа политичка партија е првата партија во државата која воведе измени во својот статут, каде се предвидува избор на претседател со непосредно гласање на сите членови на партијата. Значи, онака како што ѝ доликува на една проевропски ориентирана политичка партија со јасна цел и визија, на најдемократски начин, ќе се спроведе целиот овој процес кај социјалдемократите.

Ова ќе бидат втори по ред избори за претседател на партијата со непосредно гласање на сите членови на СДСМ. Првите се случија отприлика пред 8 месеци, каде тогаш за претседател на партијата беше избран актуелниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, премиерот Зоран Заев.

Точно е дека во тие моменти, односно на тие избори, тој беше единствениот кандидат кого можеа членовите да го изберат. Па така, неговата единствена кандидатура предизвика лавина реакции, зошто бил само тој кандидиран, зошто немало друг. Меѓутоа, сите оние кои мислеа на овој начин, очигледно не можеа да разберат за големината на демократскиот чин на кој се реши партијата.

Исто така, овие измени на статутот со кој се овозможува целиот овој процес, се добробитта за сите и исто така се постапки кои кажуваат дека работите се менуваат по европски и демократски терк кај социјалдемократите. Следствено на оставката на премиерот Заев од функцијата претседател на СДСМ, се јави потребата за краток период, да се одржат и вторите избори со непосредно гласање кај социјалдемократите. Овој пат, тие бираат претседател меѓу тројца кандидати: Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски. При анализирање на постапката, сосема е неважно кој ќе победи, важен е чинот и пораката на демократска зрелост на партијата за преземање и реализација на оваа постапка.

Од друга страна ја имаме опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзината постапка за избор на претседател на партијата. Таму целиот процес согласно нивниот статут, е таков што претседателот на партијата го бираат делегатите на конгрес. Таму имаме еден и единствен кандидат за претседател на партијата, а тоа е актуелниот, Христијан Мицкоски.

Кај опозиционерите, кои беа најжестоки критичари зошто само Заев бил кандидат за претседател на СДСМ на првите внатрепартиски избори кај оваа партија, сега им се повторува она што го критикуваа.

Имено, Мицкоски ќе биде реизбран на малку поинаков начин согласно статутот на оваа партија, преку делегати на конгрес. Конгресот на опозицијата ќе се одржи во СЦ Јане Сандански – Скопје. На овој конгрес, присуство на Мицкоски, сега за сега, му објавија нешто повеќе од 500 делегати. Постапката е таква што е потребно присуство на повеќе од половина присутни од делегатите за да може полноважно да се одлучува, а претседател ќе биде оној кој ќе освои 50% + 1 глас од присутните делегати. Реизборот на Мицкоски е јасен, па дури и неговиот доскорешен критичар, Митко Јанчев, го поддржа.

Имено, Република Северна Македонија е една од ретките земји каде двете најголеми политички партии во државата, имаат дијаметрално спротивни внатрепартиски процеси. Скоро секаде низ Европа, внатрепартиските процеси кај партиите се горе-долу исти.

Па така, ситуацијата е кристално јасна. СДСМ е далеку понапред од ВМРО-ДПМНЕ во моментов во секој поглед на демократичност и организација на партиските процеси. СДСМ се менува, СДСМ прифаќа и воведува новитети кои максимално се труди да ги реализира во целост, додека ВМРО-ДПМНЕ, сè уште е завиено во темното сивило на луѓето од мрачното минато, па така, не е воопшто тешко да се дојде до заклучокот, кој и од каде, всушност, управува со оваа партија.

За крај, на двете политички партии им посакувам успешен процес при изборот на претседател, а на кандидатите многу успех. Најважно од сè за државата е да имаме стабилно владејачко мнозинство (што во моментов го има) и опозиција која ќе биде многу поуспешна карактеризирајќи се со улогата коректор на власта.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Во интерес на Скопје и Тирана е да одат заедно на патот кон ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk