ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Нè чека работа за граѓаните, заедно, посветено и одговорно!

December 13, 2021 08:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани другарки и другари, драги социјалдемократи, Денес е голем ден за демократијата во Македонија. Денес е голем ден за внатерпартиската демократија на СДСМ. Сакам да ви се заблагодарам на сите што гласавте за нов лидер на партијата. Сакам да им се заблагодарам на сите членови на СДСМ што гласале за мене и што ми дадоа поддршка. Искрено им честитам на моите противкандидати, партиските другари Фросина Ременски и Јован Деспотовски за учеството во овој фер натпревар. Тие со своите програми и настапи ја збогатија демократијата во СДСМ и во општеството но и дадоа извонрдни предлози кои ќе бидат дел од реформите во партијата. Фросина и Јован ви благодарам, рече новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Вечерва СДСМ е победник. Вечерва СДСМ одржа уште една лекција од демократијата. Вечерва може сите да славиме за успешните избори, но од утре мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за се што ќе се случува со партијата, но и во државата во годините што следат. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда која одлучно се спроведува, државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството и граѓаните со право очекуваат од нас да работиме заедно, одговорно и посветено“, изјави Ковачевски.

Ковачевски му се заблагодари на досегшаниот претседател на СДСМ Зоран Заев, не само што тој во својот мандат оствари многу значајни победи за СДСМ, туку како што нагласи Ковачевски, и за тоа што со неговата храброст за решавање на проблемите и чуство за одговорност сите на мотивираше и инспирираше.

„Зоран Заев го консолидираше СДСМ во многу тешки услови. Заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски, ги врати слободата и демократијата, воспостави едно општество за сите ја внесе државата во НАТО и ја донесе пред портите на преговори со ЕУ. Зоран Заев не научи што е лидерство, што е партиско другарство и што вистински значи да се биде демократ и прогресивен политичар. Тој ни остава аманет да го продолжиме патот на демократсиот развој и грижа за сите. Ние од тој пат нема да отстапиме. Му благодарам и на моето семјство за подршката и на мојот тим кој ми помагаше во изборната кампања. Мојата програма Заедно, Одговорно и Посветено подразбира да работиме со здружени сили и секој најодговорно да им се посвети на задачите кои му се доверени. Вечерва завршуваме со ветувања, од утре почнуваме со реализација. Не чека напорна работа ако сакаме СДСМ да биде таков каков што сите го посакуваме, силен и обединет. Многу работа за да ја вратиме довербата на граѓаните и членството. Многу работа и посветеност за нашата земја да биде водена уште долго според принципите и вредностите на социјалдемократијата“, изјави Ковачевски.

Сите што се подготвени на посветено, чесно работење во интерес на сите граѓани ги сметам за дел од мојот тим. Лично сметам на трудот, енергијата и квалитетите на секој социјалдемократ, секој прогресивен граѓанин и секој кој сака искрено да помогне и да се вложи во успехот на нашата политика и нашата држава, додаде тој и на сите им посака добро здравје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk