ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пратениците ќе ја продолжат расправата по Предлог-буџетот на 2022 година

December 13, 2021 08:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска во рамки на 54. седница ќе ја продолжат расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање.

Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП, а капиталните инвестиции ќе изнесуваат 38,2 милијарди денари.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, Предлог-буџетот за 2022 година е одговор на предизвиците кои престојат, но е и во насока на реализација на приоритетите за следната година.

Предвидувањата за економијата на глобално ниво за 2022 година, како што посочи Бесими во петокот на првиот ден од пленарната расправа, се оптимистички, а во македонската економија се очекува годината да заврши согласно проектираниот раст на БДП од 4,1 процент, но со реална можност и да се надмине. Во 2022 година, економскиот раст се очекува да забрза и да изнесува 4,6 проценти во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и стабилизирање на надворешната побарувачка.

– Поедноставно кажано во 2022 година ќе имаме „развоен буџет”. Развојната компонента се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 28,3 проценти во однос на 2021 година или во 2022 година се предвидени 8,4 милијарди денари повеќе за капитални проекти, рече Бесими, додавајќи дека е запазено т.н. „златно правило“ во јавните финансии, односно за првпат капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит. 

Во Предлог-буџетот се вградени и 23 амандмани во вкупна вредност од 382 милиони денари, од кои, како што посочи Бесими, најголем дел се од опозицијата. Дел од нив се и амандманот за создавање на интервентен фонд во земјоделството и амандманите за енергетска ефикасност.

За опозицијата, Предлог-буџетот во висина од 4,4 милијарди евра е најобемниот буџет досега, нереален и неразвоен. Според опозицијата, не се предвидени пари за енергетската криза, а висок е и проектираниот буџетски дефицит. Проекциите за капиталните инвестиции, сметаат, дека се лага имајќи предвид дека нивната реализација во изминатите години е мала.

Согласно законот, Предлог-буџетот треба да биде усвоен до 31 декември.

На дневен ред на 54. седница се и предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, на Законот за следење на комуникациите, на Законот за заштита од експлозивни материи, како и на Законот за странци, сите во второ читање.

Меѓу другите точки на седницата се и дополнетиот Предлог-закон за изменување на Законот за полиција,  Предлог-законот за медијација, во второ читање, како и Предлог -законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, во второ читање./МИА/.

Next Post

Ковачевски нов лидер на СДСМ, Мицкоски кој беше единствен кандидат, реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk