ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ВМРО-ДПМНЕ го потценува Ковачевски, што може скапо да ги чини

Имајќи ги на ум овдешните поучни и традиционални политички потценувања на противниците, „андер-дог“ позицијата се чини како ветувачка стартна основа со која Ковачевски влегува во партискиот, а најверојатно наскоро и во државниот лидерски мандат. Што се однесува до харизмата на Мицкоски, жирито сѐ уште заседава, бидејќи е видлив, од неодамна, напорот својата изградена лидерска ароганција да ја омекне и во појавна и во содржинска смисла

December 14, 2021 10:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Офанзивата со навреди и омаловажувања што опозицијата, во првата минута по неговиот избор за преседател на СДСМ, ја презема против Димитар Ковачевски, ги има сите карактеристики на една потврдено погрешна политика што често се практикувала во Македонија. Наместо барем, за почеток, да му честитаат на изборот, па евентуално потоа карактерно и политички да го масакрираат, ВМРО-ДПМНЕ побрза официјално, во партиско соопштение да го окарактеризира новиот претседател на СДСМ како „пион на Заев“, како „спроведувач на заевизмот“, како продолжувач на корупцијата и разните други континуирани катастрофи од критичкиот регистер на „Белата палата“. Дури и самиот начин на директни општопартиски избори во СДСМ, во конкуренција на двајца противкандидати на Ковачевски кои не оставија впечаток дека се таму само заради однапред договорена парада, опозицијата го окарактеризира како внатрепартиски „театар“ и „фарса“.

Претпоставувам дека не сум единствениот кој ги памти прославите во СДСМ кога се избра Никола Груевски за наследник на Љубчо Георгиевски. ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше во длабока, разновидна криза, а на Груевски – дури и меѓу многумина, ако не и повеќето, кои конгресно го гласаа во неговата партија – се гледаше само како на привремен „грејач“ на фотелјата, додека Георгиевски не реши да се врати на партиското кормило. Со таков нов лидер на опозицијата, тогашното СДСМ беше убедено дека ќе владее уште стотина години. „Господ да го поживее!“, беше најсериозниот политички коментар на неговите идеолошки опоненти…

И, Господ навистина и го поживеа, не само повеќе од десет години набрзо по доаѓањето на власт, туку до ден денеска, откако падна и од власта, а и од моралниот пиедестал на доживотна инспирација за лидерството во ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа следуваше изборот на неговиот наследник, Христијан Мицкоски, како нов повод за славје во СДСМ. И со него на чело на опозицијата, власта на Заев мислеше дека уште стотина години ќе владее со македонската држава. Што е право, неколку години така мислеа и многумина во неговата прилично распадната партиска структура. Реставрацијата на партиската власт во ВМРО-ДПМНЕ од страна на Мицкоски е прилично свежа, а и не многу демократска афера, но на последниот изборен партиски конгрес некни – е, тоа навистина беше впечатлив, добро режиран театар – Мицкоски со само две неважечки ливчиња (третото е негово, бидејќи наводно не гласал за самиот себе) акламативно го обезбеди новиот партиски претседателски мандат, со надеж ВМРО-ДПМНЕ наскоро да го врати на власт во државата.

Денеска и добронамерните критичари велат дека Ковачевски, за почеток, не поседува полетна лидерска харизма за да го реинвентира руинираниот углед на СДСМ и во самата партија и во пошироката јавност. Се вели дека профилот му е повеќе технократски, во бизнис-менаџмент стил, а дека и внатрешната и надворешната македонска ситуација бараат лавирања помеѓу итрост, упорност и политичка квалификуваност за решавање големи проблеми, квалитети за кои јавноста не е сигурна дека тој ги поседува.

Но, повторно корисно потсетување за личните харизми: кога Груевски, своевремено, застана под главните лидерски рефлектори во државата, неговата харизма главно се сведуваше на буџетски „пица-мајстор“, со скромно аматерско театарско и банкарско искуство и со самоувереност на средношколец со сериозен пост-трауматски стрес по низа адолесцентни прашања; на Заев, пак, на почетокот, се гледаше како на струмички провинцијалец заталкан во високата политика, кој брзо ќе биде „изеден за појадок“ од големите кујни на велеградските политички велемајстори, иако, додуша, уште тогаш, со видливо „дурацел“ енергетско полнење… Па и двајцата чуда направија, на спротивните полови на општествените интереси во државата.

Што се однесува до харизмата на Мицкоски, жирито сѐ уште заседава, бидејќи е видлив, од неодамна, напорот својата изградена лидерска ароганција да ја омекне и во појавна и во содржинска смисла.

Елем, имајќи ги на ум овдешните поучни и традиционални политички потценувања на противниците, „андер-дог“ позицијата се чини како ветувачка стартна основа со која Ковачевски влегува во партискиот, а најверојатно наскоро и во државниот лидерски мандат. Тоа му дава поширок маневарски простор за воспоставување на своја, макар и мешана, старо-нова политичка и кадровска структура (тимот!), што почетно ќе го провериме веќе за две недели, кога самиот ќе влијае врз изборот на потесното, обновено, партиско раководство.

За финансии, бизнис и енергетика Ковачевски е сосема квалификуван, а на пандемијата можеби ќе ѝ се насмее крајот побрзо одошто би сакале и да се надеваме… Но, ќе успее ли во своето регионално и пошироко меѓународно позиционирање, толку битно за македонската перспектива? И, уште повеќе, во лавиринтите на меѓуетничкиот демократски проект во Македонија?

Во политиката гаранции за ништо не се даваат однапред. Ако е името судбина, Ковачевски самиот ќе биде ковач на својата. Ние и така на сѐ сме веќе отрпнати.

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

Џенаро Гатузо нов селектор на италијанската репрезентација

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk