Едгар Алан По
Беше пред лета ред, беше одамна, знам,
В кралство кај морски крај во молк се свил,
Таму цутеше цут, толку допадлив нам,
Што го викавме Анабел Ли;
Една сал мисла скри, мисла – потаен плам,
Дека љубовта в нас гнездо сви!
Јас бев млад, беше млада и таа,
В кралство кај морски крај в молк се свил,
Љубов разгоре в нас, љубов која ја знаат
Само јас, само Анабел Ли,
Љубов силна по која чмаат
И на небото рој ангели.
Па се случи пред повеќе лета,
В кралство кај морски крај в молк се свил,
Да разулави виорен ветар,
Да ја убие Анабел Ли!
Како втрештени луѓето беа,
Ковчег мртвенски млада ја скри,
Потем в гроб ја положија неа,
В кралство кај морски крај в молк се свил.
Колку безочна зависта е
И на самите ангели!
Ех, тоа причина е, и се знае
Низ крајморските предели,
Та развиори виор, ах, проклет да е,
Убивајќи ја Анабел Ли!
Беше љубовта наша, каква
Не ќе може друг да измисли!
Нема нигде по светот таква,
Та ни небесните ангели,
Ни подводните демони зли
Да не разделат не можат и да сакаат
Од прекрасната Анабел Ли!
Поглеј, месечев лач плете венец, од плач
По прекрасната Анабел Ли;
А ѕвездениот рој, чиниш поглед е тој
На прекрасната Анабел Ли!
Така ноќ мине знам. В јад без моќ лежам сам,
Тежок бол срце свил, живот мој, образ мил,
Двајца ли ковчег сви, двајца ли в гроб не сви
Пуста смрт во пределите зли!
Едгар Алан По (1809-1849) e американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот.
Избор: Тања Кармзова Костиглиола